Skip to main content
Дек 29, 2021

Граѓаните да се воздржат од постирање информации на социјалните мрежи за тоа каде планираат да ја поминат новогодишната ноќ. Тоа е добар извор на информации за крадците, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. Полициските службеници за време на празничните денови ќе бидат засилено на терен.


Сеп 28, 2011

Нуркачкиот туризам, вистинска летна атракција која и даде белег на овогодинешната туристичка сезона.


Ное 16, 2017

Обилниот дожд во Охрид  поплави дел од  улицата Васил Стефоски во Грашница. Поплавени беа и неколку улици во населбата Билјанини извори, а со вода беше покриена и улицата пред Заводот за кардиоваскуларни заболувања. Од ЈП „Нискоградба“ информираат дека за тоа е виновен краткотрајниот и обилен дожд. 


Сеп 27, 2011

Средношколските екскурзиите и годинава актуелни. Каде ќе се оди и колку ќе чини, родителите не се на чисто, бидејќи им се соопштува во пет до дванаесет, реагираат дел од нив. Додека пак, директорот на гимназијата Св. Климент Охридски уверува дека се е кристално чисто околу тоа.


Авг 31, 2021

Одржана 63та седница на градскиот Совет. На самиот старт од дневен ред беше повлечена предлог одлуката за давање согласност за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП Охридски Комуналец за 2022 година, додека повеќе точки беа усвоени без поддршка од опозицијата. Советниците од опозицијата не дадоа согласност за годишните планови за вработување во основните училишта за следната година, а не ги прифатија ни годишните извештаи за материјално-финансиското работење во школите и јавните претпријатија.


Сеп 27, 2011

Кој порано, кој подоцна, охридските основни училишта треба да добијат нови директори. Некои директори имаат право на уште еден мандат, но некои веќе го искористиле ова право. Три последователни мандати се спротивни на законот. Па така основните училишта Христо Узунов, Григор Прличев и Братство Единство дефинитивно ги менуваат првите луѓе. Ќе се најде ли кандидат што ќе ги задоволи сите вкусови?


Ное 16, 2017

Новиот градоначалник на општина Дебрца Зоран Ногачески не отстапува од својот став, преиспитување на одлуката за изградба на депонија во Годивје, Дебрца и изнаоѓање на посоодветна локација во Југозападниот плански регион за изградба на постројка за управување со отпад. Тој став го дели и Советот на оваа општина, граѓаните и координативното тело.


Сеп 27, 2011

Храна на отворено, не смее да се продава, а уште помалку подготвува децидни докторите по хигиена и здравствена екологија.