Експертите за храна без одговор дали се пренесува ковид 19 преку храна
Се би било шпекулација бидејќи СЗО нема официјални научни истражувања, напоменуваат експертите. Упатуваат совети луѓето да го зајакнат имуниетот и препорачуваат конзумирање на зеленчук и овошје богати со витамини Ц , Д, но и селен и цинк.
Во Вевчани нема да има ниту една улица со кал
Ова е очекувањето на Градоначалникот Јанкоски од проектот Вевчани без кал со кој жителите добиваат модерна урбана населба. Проектот кој трае три години локалната го реализира со средства обезбедени преку изготвување планска документација и аплицирање кон домашни и странски фондови.
Кривична пријава заработил угостителски објект кој организирал свадба
Една кривична пријава заработил угостителски објект кој организирал свадба од Државниот пазарен инспекторат во изминатиов викенд. Од почетокот на пандемијата досега се изречени 15 кривични пријави за организирање свадби во Охрид. Инспекторите на терен констатирале дека се почитуваат мерките и протоколите за заштита од ковид 19 во охридските угостителски објекти.
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ СО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА КЕЈТ МАРИ БРНЗ
Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, оствари протоколарна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз.
НОВА ДОГРАМА ВО ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО ДАЛЈАН
Со средства обезбедени од Општина Охрид, во текот на изминатиот викенд беше извршена промена на дограмата во училишниот објект на ОУ „Свети Климент Охридски“ во населба Далјан.
СЗО: Вакцините против коронавирус ќе бидат достапни во декември или почетокот на 2021
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека вакцините против Ковид-19 најверојатно ќе бидат достапни во декември или почетокот на 2021 година за доставување до регулаторите за одобрување.
615 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (12/13.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 615 прекршоци.
ЗАВРШНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА ВО ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА
Со поставување на вториот асфалтен слој на коловозот деновиве се изведуваат завршните градежни активности за реконструкција на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.