Skip to main content
Дек 18, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (17/18.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 607 прекршоци.


Дек 18, 2020

Од денеска почнува примената на рестриктивните мерки што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на коронавирусот.


Дек 18, 2020

Водостопанство на РСМ, подружница „Црн Дрим“-Охрид, деновиве работи на чистење на каналите за иригација во регионот на Струга.


Ное 18, 2021

Jazz Inn и Никола Тодороски организираат незаборавен настан „Best of Stand up“. Стендап комедијата е закажана за петок, 19-ти ноември, со почеток во 20 часот.


Дек 17, 2020

Понудите се со багателни цени но она што е скандалозно е што нема ниту збор за рестриктивните мерки кои се на сила во државава за претстојните празници и според кои забрането е организирање на прослави за дочек на новата година. Од агенциите се правдаат дека Охрид им е најбарана дестинација и понудите биле направени пред еден месец кога состојбата со вирусот, според нив, не била алармантна.


Дек 17, 2020

Родителите, учениците и училиштето реализираа проект на две теми „Снегулка што среќа носи“ и „Писмата до Дедо Мраз“. Целта е со изработка на новогодишни декорации и пораки да се врати насмевката на детските лица во овие вонредни животни  услови. 


Дек 17, 2020

Средното стручно училиште „Ванчо Питошески“ станува   државен регионален центар за средно стручно образование. Уготителското училиште  добива  можност за едукација на кадри  од  формалното  и од неформалното образование.


Дек 17, 2020

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 7 до 13 декември годинава покажува дека се тестирани вкупно 15.857 материјали во лабораториите за молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е помалку за 9,2 отсто, во однос на една недела претходно. Во истиот период регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови, што е намалување од 14,6 отсто во однос на претходната недела.