Skip to main content
Дек 17, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (16/17.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 595 прекршоци.


Дек 17, 2020

Откако со одлука на Министерството за здравство од функцијата раководител на Центарот за јавно здравје во Охрид е разрешен Сашо Точков, на негово место, како в.д директор е назначен д-р Ѓоко Константиновски, интернист во ЈЗУ Општа Болница Охрид. Дел од вработените во Центар за јавно здравје Охрид преку отворено писмо до јавноста искажаа поддршка за Точков.


Дек 17, 2020

За време на имераторот Максимилијан во Илиопол живеел еден богат човек по име Диоксор, а неговата жена рано починала. Единствената ќерка Варвара ја сакал многу и ја чувал како своите очи. Полагал голема грижа за ќерка си и за нејзиното воспитување. Девојката била необично убава и до нејзиното полнолетство татко и ја чувал во своите богати одаи на една висока кула. Девојката не гледала никого, освен воспитувачките и слугинките.


Ное 18, 2021

Кино проекциите се закажани за наредната среда (24.11.2021) и четврток (25.11.2021) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари.


Дек 17, 2020

Се започна со поставување на челична конструкција како дел од активностите за покривање на новата трибина при градскиот стадион “Билјанини Извори”.


Дек 17, 2020

Владата на Република Северна Македонија и во овој случај, по повод денешните заклучоци на Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР) изразува разочарување што ЕУ не најде начин да донесе позитивна одлука за усвојување на Преговарачката рамка, што ќе овозможеше првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија да се одржи до крајот на 2020 година, за време на германското претседавање со ЕУ.


Дек 16, 2020

Охрид во чест на Бетовен е проект на ЛК Лихнидос кој од 17ти до 24 декември ќе му даде европски шмек на градот. Охриѓани ќе ја слушаат Ода на радоста во македонскиот 7/8ски такт, симфонии ќе се пуштаат преку озвучување на кеј Македонија и на кружните текови. Со музицирање, Графити, видеа и низа други активности Охрид ќе испрати порака за љубов и ќе покаже како се негуваат европските вредности чествувајчи 250 години од раѓањето на еденод најголемите композитори во историјата,  вели за ТВМ,   инцијаторот Проф Зоран Тунтев. 


Дек 16, 2020

Министерството за труд и социјална политика заедно со Министерството за здравство поддржано од Светска Банка го реализираат Проектот за справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 и подготовеноста на здравствените системи.