Вработувањата во Општина Охрид единствено предизвикаа дискусија на седницата на Совет
Годишниот план за вработување на Општина Охрид за 2021 година единствена точка на денешната 54та седница на совет за која имаше кратка дискусија и за која не гласаше опозицијата. Останатите одлуки беа едногласно донесени. Продолжува праксата вработувањата во општинската администрација да се планираат во нагорна линија место истата да се рационализира и да биде поефикасна, обвини опоцизијата.
Пендаровски: Пописот ќе не соочи со стравот колку малку не` има во нашата заедничка држава
Директорот на Државниот завод за статистика , Апостол Симовски, денеска во Собранието имаше средба со шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претседателот на парламентот Талат Џафери, министрите за правда и за локална самоуправа, Бојан Маричиќ и Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во врска со организацијата на пописот. На средбата беа поканети и сите градоначалници за координација со локалните самоуправи за непречено да може да се организира оваа статистичка операција.
Училишна зграда во селото Брежани ќе се адаптира во планинарски дом
Наскоро училишната зграда во селото Брежани ќе се адаптира во планинарски дом. Се планира и поврзување на планински патеки со општина Охрид и општина Грамш. Општина Дебрца доби и специјално возило за спасување во зимски услови на Планинската спасителна скужба.
Од понеделник почнува третата сезона на проектот „Ги запознаваме ретките болести“
Со нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма, но и со осветлување на Самуиловата тврдина, како едно од најважните обележја на Охрид, во понеделник, на 1-ви февруари започнува националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“.
Повторно повеќе од четиристотини граѓани санкционирани за неносење заштитна маска
Во текот на изминатото деноноќие (28/29.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 463 прекршоци.
Донев: Георгиески доби партиска наредба од СДСМ да реализира нови 32 вработувања во општина Охрид
Советниците да не ја поддржат Предлог одлуката за измени на Годишниот план за вработување на општина Охрид за 2021 година, повика претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев. Нови 32 вработувања во и онака превработената општинска администрација во услови на економска криза е потценувачки однос кон граѓаните, обвини Донев.
Несовесни граѓани фрлиле градежен шут на археолошки локалитет Горна Порта
Археолошкиот локалитет Горна порта е незаштитен. Таму нема во моментов истражување но просторот е обраснат со вегетација а деновиве несовесни граѓани фрлиле градежен шут. Од завод и музеј не се согласуваат дека локалитетот служи како паркинг и депонија на локланото население.
ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Очигледна е нервозата којашто владее кај СДСМ по катастрофалниот пораз и затоа што гледаат како се реализираат проекти
По обвинувањата од ОО СДСМ Охрид со реакција се огласија и од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Охрид.