Skip to main content
Јан 28, 2021

 Ќе се подновува застарената инфраструктура на фудбалските терени на охридскиот СРЦ Билјанини извори. Се планира реконструкција на монатажната западна трибина и поставување на ново осветлување. На тревната површина  ќе се постават електронски прскалки за наводнување.


Јан 28, 2021

Во сабота 30 јануари, во Скопје, против Голдент Арт КЛ7, охридскиот градски ракометен клуб ги започнува контролните натпревари во подготвителниот период.


Јан 28, 2021

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 365 прекршоци.


Јан 28, 2021

Во најновиот објавен Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл Северна Македонија е рангирана на 111-то место со 35 бодови.


Јан 27, 2021

Европската унија одблиску ги следи случувањата во врска со статусот на Охридскиот регион како заштитено светско наследство и ја споделува загриженоста на УНЕСКО за истиот. Природното и културното наследство имаат универзална вредност за сите нас како поединци, заедници, општества, но и за пошироките организации. Токму тоа наследство треба да се сочува со цел да биде подостапно за идните генерации, истакна денеска до Охрид авроамбасадорот Дејвид Гир.  Тој денеска во рамки на  првата работна посета на Охрид  имаше средба со градоначалникот Константин Георгиески, со граѓански здруженија а го разгледа и стариот дел на градот.


Јан 27, 2021

Приоритет ќе им е формирање на една Пливачка Федерација и средување на хоатичната ситуација во овој спорт. Ќе се залагаат сите професионални спористи да добијат здравствено и пензиско осигурување.


Јан 27, 2021

Регионот кој опфаќа неколку општини од нашата земја и од Албанија добива можност да развива безбеден зимски туризам. За да остане одржлива спасителната служба потребно е општините да го испочитуваат меморандумот за соработка за финансиска поддршка на спасителите кои сега работат волонтерски.


Ное 22, 2021

Откако Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков најави дека започнува реконструкцијата на булеварот „Македонски Просветители“, од СДСМ Охрид преку соопштение обвинуваат дека овој проект е на претходниот градоначалник, Константин Георгиески.