Градоначалникот Пецаков најави уредување на плажите на охридското крајбрежје
Пред почетокот на следната сезона плажите ќе бидат уредени за туристите како што доликува на еден современ туристички центар, најави градоначалникот Кирил Пецаков. Плажите ќе бидат уредени од природни материјали согласно препораките на УНЕСКО, 50% ќе бидат со реквизити, а половина слободен простор за граѓаните.
Презентација на возилата и специјализираната опрема за спасување во зимски услови, во рамки на Проектот: „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“
Во Среда (27.01.2021 год) со почеток во 13 часот,ќе се одржи промотивен настан, на кој ќе бидат презентирани возилата и специјализираната опрема за спасување во зимски услови, набавени во рамки на Проектот: „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“.
НОВИ ПОДОВИ ВО ОЕМУЦ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“
Завршија предвидените активности за комплетна реконструкција на подовите во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.
Чаршиски еснаф: Јавните претпријатија да не не` даваат на извршители
Пандемијата затвори десеттина дуќани во охридската чаршија. Продавници за текстил, слаткарници, парфимерии, цвеќарници и сувенирници неможејќи да ги подмират месечните трошоци ставија клуч на врата.
ЈП Комуналец наскоро очекува да го добие на користење специјалното товарно возило
Од ЈП Комуналец најавуваат дека паралелно тече и поставувањето на подземните контејнери за отпад. Во првите пролетни месеци ќе почне употребата на специјалното возило и подигање смет од одредени локации низ Охрид.
„Регионално вмрежување и соработка во туризмот како клучен фактор во закрепнување на индустријата во пост-Ковид ерата“
Повеќе од 100 учесници, претставници од приватен сектор и институции за промоција и поддршка на туризмот од неколку земји од регионот, учествуваа на еднодневниот виртуелен настан „Регионално вмрежување и соработка во туризмот како клучен фактор во закрепнување на индустријата во пост-Ковид ерата“.
409 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (21/22.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 409 прекршоци.
ДОДЕЛЕНИ 120 ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ЗА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ СЕМЕЈСТВА ОД ОХРИД
Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија доделија 120 хуманитарни пакети наменети за социјално ранливите семејства од подрачјето на општината. Заедничката хуманитарна активност беше организирана во црквата „Свети Никола“ во Долна Влашка Маала, како дел од одбележувањето на богојавленските празници.