Skip to main content
Окт 11, 2017

Водата од градскиот водовод е со добар квалитет за пиење. Проблем и понатака  се селските водоводи  каде што не се приемнува  средство за хлорирање. Површинските  води крај езерскиот брег се од прва и втора категорија, а проблематични  и понатака се устијата каде што се влеваат реките во езерските води.  


Јул 20, 2011

Бродарите останаа без струја. Подолг период орманчето од кое тие црпеа електрична енергија е исклучено поради безбедност на шетачите. Дознаваме дека надлежните од капетанијата на пристаништата и ресорното министерство, придружувани од екипи на ЕВН, контролирајќи го пристаништето, побарале од надлежните да се превземат мерки за неизолираните кабли кои видливо биле распространети по пристаништето.


Јул 20, 2011

Вака од ОК на ВМРО – ДПМНЕ ја оценуваат посетата на градоначалникот Александар Петрески во Јалова, Турција. А како инвестиција од таму очекуваат тулумби, кадаиф и наргиле.


Окт 11, 2017

Јован Стојаноски кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, Јован Стојаноски најави и развивање на комуналната инфраструктура, вода за пиење до секое домаќинство, вклучување во канализационата мрежа на сите и организирано собирање на комунален отпад.


Јул 20, 2011

Засега се нереализирани двете идеи за пешачката патека покрај езерскиот  брег во стариот дел на градот и партерното уредување на Сараиште.


Јул 20, 2011

На 19.07.2011 година, во 23,15 часот, во Охрид на ул.„Цар Самоил“  се движел моторциклист  и на  даден знак да застане и да покаже документи за идентификација и сообраќајна дозвола за моторциклот, истиот со висок тон се обратил кон  униформиран полициски службеник со погрдни зборови.


Јул 20, 2011

По повод 21-ви јули Меѓународниот ден на Националните паркови општина Охрид -Сектор за урбанизам и заштита на животната средина во соработка со НП Галичица организира еко хепенинг.


Окт 11, 2017

Измена и дополнување на детални урбанистички планови, изградба на инфраструктура во Мауцкер, решавање на прашањето со бездомните животни, најави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобар живот“, Митко Тилевски.