Кризниот штаб препорача ковид-изолацијата да трае седум дена
На синоќешната седница Главниот координативен кризен штаб ја усвои препораката на Комисијата за заштита од заразни болести за кратење на периодот за изолација на ковид-позитивните од десет на седум дена.
Утре се празнува Воведение на Пресвета Богородица Пречиста
На 4-ти декември православните верници го празнуваат големиот христијански празник Мајката Божја Воведение на Пресвета Богородица или кај народот познат како Пречиста. Овој празник спаѓа во дванаесетте големи празници.
ЈП „Охридски Комуналец“ донираше огревно дрво на две социјално загрозени семејства
„Во овие денови кога сме сведоци на поларни денови со многу ниски температури, со донација на огревно дрво ќе ги затоплиме домовите на две семејства од социјално ранливи категории“, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Пожар во возило кај „Буково“
На 03.12.2021 година во 03 часот, во СВР Охрид пријавенo е дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, кај превојот „Буково”, настанал пожар при движење на товарно моторно возило „Ивеко”, со албански национални ознаки, управувано од М.Т.(62) од Прењаз, Република Албанија.
Ќе се решава работниот статус на вработените во образовните институции во Охрид
Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков по номинациите добиени од Министерството за образование и наука и СОНК, донесе решение за формирање на општинска комисија за утврдување на исполнетоста на условите за трансформација на работниот однос на вработените во образовните институции на подрачјето на општина Охрид.
Туристичката соработка помеѓу Македонија и Украина ќе почне од здравствениот туризам
Директорот на АППТ, Љупчо Јаневски оствари средба со НЕ Наталиа Задорожнику, вд амбасадор на Украина, г-дин Витали Загајниј, заменик на началникот на Лавовската обласна државна управа и претставници на секторот туризам и меѓународна соработка од истата област. На средбата се презентираа туристичките потенцијали на двете земји, целите и идеите, се разменија искуства и начини за продлабочување на соработката преку туристичката индустрија иницијално, а потоа и на други полиња.
Утре започнува етапната исплата на јануарски пензии зголемени за 2,9 %
Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 26.01.2022 год. (среда) започнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Најголем број на слободни работни места има во услужни дејности и продажба
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2021 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.69 %.