Во автокамп во Охрид пронајдена марихуана кај двајца жители на Драслајца
На 01.12.2021 околу 21 часот во автокамп во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги приведоа и лишија од слобода М.М.(34) и М.К.(24), двајцата од струшкото село Драслајца.
Министерството за култура годинава додели многу повеќе средства за „Охридско лето“
Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот, кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура доби 32 милиони денари што е значително повисока сума за разлика од изминативе две години кога финасиската поддршка изнесуваше околу 20 милиони денари.
Сателитите на SpaceX, ќе се срушат на Земјата
49-те сателити на Вселенската компанија „Спејс-екс“ лансирани на 3 февруари ќе се срушат на Земјата. За жал, Земјата била погодена од геомагнетна бура што ја зголемила густината на атмосферата и предизвикала исфрлање на 40 од овие сателити од орбитата.
ОУ „Григор Прличев“ Охрид доби сензорна градина, прва во државава
Првата сензорна градина во државава која им помага на учениците со попреченост во совладување на наставните содржини денеска беше промовирана во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. Ова уредено катче е донација од ХАЛК банка во проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, поддржан од Европската Унија, а со кој раководи Фондацијата „Чекор по чекор“.
Продолжен рокот за поднесување ДДВ-04 пријава
Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава. Крајниот рок се продолжува за три работни дена, односно краен рок за поднесување ќе се смета 28 јануари 2022 година.
12 автобуси пратени на технички преглед во Охрид
На 01.12.2021 година, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли на автобуси и други моторни возила што вршат јавен превоз на патници.
Поскапуваат горивата
Од вечерва на полноќ поскапуваат горивата, одлучи Регулаторната комисија за Енергетика.
Езерско ракометно дерби во сабота
По две тешки гостувања Градскиот ракометен клуб Охрид, суперлигашкото натпреварување го продолжува на домашен терен и тоа со езерското дерби. Покрај дуелот на ракометарите во сабота во 19 часот свое соочување ќе имаат и верните навивачки групи на двата езерски града.