Skip to main content
Окт 4, 2017

Младите во Охрид се жртви на манипулација, обвинува Илија Арнаудоски кандидатот за советник од листата на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Вината за иселувањето на младите од Охрид тој ја префрли на СДСМ Охрид за време на нивното владеење од 2007 до 2012 година.


Јул 5, 2011

Осмоодделенците Теодора Бујароска и Виктор Домазетоски го освоија Кипар. На математичката олимпијада која се одржа од 19ти до 24ти Јуни тие освоија второ и трето место во остра конкуренција. Денес нив ги прими градоначалникот Петрески кој го изрази своето воодушевување од постигнатиот успех и им вети и понатамошна подршка во сите нивни подвизи.


Јул 5, 2011

Судскиот совет при Основниот суд во Охрид и на младиот капетан и на второобвинетиот Бранко Баиќ, им  изрече казна во траење од една година.


Окт 4, 2017

Студенчишкото блатото е последниот филтер на Охридското Езеро и неопходна е иницијатива за негово спасување. Денес охридските социјалдемократи во рамки на својата предизборна кампања го промовираа проектот „Спас за Студенчишкото Блато“ со кој проект се предвидувало зголемена заштита на рибниот фонд со посебен осврт кон преземање мерки за заштита на ендемичната охридска пастрмка.


Јул 4, 2011

Учесниците на Фестивалот на француски филм во пријателска средба со новинарите. Тие проговорија за четвртото по ред издание на овој веќе традиционален фестивал, но и за сензибилитетот на охридската публика, наспроти оној на француската. Тие велат, целта на овој фестивал е овдешната публика поблиску да се запознае со француската кинематографија, која е втора во светот.


Јул 4, 2011

Бројот на пловни објекти во езерото од година во година е се поголем, но бројот на регистрирани, се намалува.


Окт 4, 2017

Инвестирањето во спорт за сите генерации секогаш е неопходно за здрав и правилен физички развој, истакна д-р Митко Тилевски кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Во таа насока тој најави изградба на нови детски игралишта како и реконструкција на неколку спортски терени во општина Охрид.


Јул 4, 2011

Со звуците на зурлата и тапанот и играта на  популарното  македонско  оро „Тешкото“ од  професионалниот ансамбл „Танец“, на сцената на Долни Сарај ќе отпочне јубилејното издание на Балканскиот фестивал за народни песни и игри.