800.000 дози од вакцината Фајзер за Mакедонија, 5.850 стигаат во февруари
Македонија ќе добие 800.000 вакцини против Ковид-19 од прозиводителот Фајзер во текот на годината.
Здраво машко дете е првото новороденче во Новата Година во Охрид
Бебенцето на Свет, дојде рано утрово во 4.30 минути и е второ дете во семејството Илоски.
Верификуван мандатот на советникот Нефи Усеини, сеуште не одлучил за оставка
На втората седница на Советот на општина Охрид беа формирани повеќе работни комисии. Исто така беше потврдена и функцијата на Нефи Усеини. Пред неколку дена тој најави дека ќе се повлече од оваа функција, а денес изјави дека сеуште нема донесено конечна одлука.
Мирна новогодишна ноќ во Охрид
Итната медицинска помош имала намален број на интервенции. При полициските контроли не се евидентирани прекршувања на пропишаните безбедносни мерки за заштита од ковид 19.
322 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (31.12.2020/01.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 322 прекршоци.
Една минута по полноќ во Македонија се роди машко бебе
Првото бебе во 2021 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Бебето е машко, тешко е 3 килограми и 650 грама и е долго 51 сантиметар.
506 прекршоци за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (30-ти/31-vи декември) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 506 прекршоци.
Новогодишни пакетчиња во библиотеката „Григор Прличев“
ИТ компанија „Мусала Софт“донира новогодишни пакетчиња кои НУ Библиотека „Григор Прличев“ ги подели на ученици. Подароците секогаш се добредојдени, бидејќи придонесувањето кон заедницата е една од вредностите на компанијата уште од самото основање.