Skip to main content
Дек 30, 2020

Охридскиот Историски архив ќе се отвора за јавноста. Подготвуваат изложбен салон каде што ќе се изложуваат документи и слики од ризницата на архивот. Од историскиот архив апелираат граѓаните кои поседуваат документи од значење на градот да им ги предадат за соодветно зачување од забот на времето.


Дек 30, 2020

Курајчани се надеваат дека селскиот водовод наскоро ќе го преземе  ЈП Водовод. Советот на Општина Охрид задолжи формирање на мешовита Комисија која ќе испита во каква состојба се изворите и водоводот во селото. Од месната заедница тврдат дека водоводната мрежа  е во одлична кондиција.


Ное 19, 2021

Градоначалникот Зоран Ногачески информира дека се исчистени депониите во месноста „Селиште“, кај црквите Св. Василиј, Св. Јован и Св. Атанасија во село Белчишта.


Дек 30, 2020

Во соработка со Министерството за Здравство, Општата болница во Струга постави модуларен Ковид центар.


Дек 30, 2020

Министерството за труд и социјална политика (МТСП), соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), среда, 6-ти јануари 2021 година, Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.


Дек 30, 2020

Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, кај селото Врбјани, денес ќе има прекин во сообраќајот од 10 до 15 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.


Дек 29, 2020

Во Петриња загина 13-годишно девојче, додека во селото Мајске Пољане во Глина загинале уште четири лица. Во Петриња куче најде жена под урнатините и нејзиното спасување е во тек.


Дек 29, 2020

Советниците од опозицијата побараа да не се усвојува решението за зголемување на цената на водата за пиење. Градоначалникот според законските обврски мора оваа точка да ја стави пред советниците кои ќе одлучат дали ќе дадат или не согласност за промена на цената. Лично смета дека за цената на водата за пиење не треба да решава Регулаторна Комисија туку градските советници.