Skip to main content
Дек 29, 2020

Усвоен е буџетот за 2021 година тежок 730 милиони и 716 илјади денари. За Градоначалникот буџетот е развоен, а за опозицијата нереално висок во услови на кризна состојба. Опозицијата поднесе амандмани на неколку програми, но истите не поминаа на денешната седница.


Дек 29, 2020

Нуркачкиот центар АМФОРА и Клубот за подводни дејности ОХРИД веќе 18 години традиционално на уникатен начин ја наговестуваат новата година и божиќните празници со китење елка под вода.


Ное 19, 2021

Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ја информира јавноста, а особено несовесните граѓани, кои спротивно на правилникот за регулирање на начинот за користење на паркинг место, одобрен од Советот на општина Охрид, ги паркираат своите возила на места обележани за паркирање на лица со попреченост, дека во иднина секој таков прекршок ќе биде пријавуван до надлежните служби. Подолг период вработените на јавните паркинзи им укажуваа на несовесните граѓани, но проблемот продолжува.


Дек 29, 2020

Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, кај селото Врбјани, утре ќе има прекин во сообраќајот од 10 до 15 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.


Дек 28, 2020

Хит руски серии од вечерва стартуваат на ТВМ. Хотел Русија, Кум, Бригада, Фитнес се само дел од познати наслови кои ги освоија љубителите на телевизискте серии. За  претстојните празнични денови Ве очекува избор на Божиќни филмови кои се секогаш добар избор за зимските вечери во кругот на семејството. 


Дек 28, 2020

Мото клубот „Лебеди“ од Охрид во соработка со неколку правни лица од градов денеска доделија 550 пакетчиња за децата на вработените во Општите болници во Охрид и Струга, ЈЗУ „Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања“ и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид, кои се вистинските херои во бробата со корона пандемијата.


Дек 28, 2020

ОК на ВМРО ДПМНЕ -Охрид на утрешната седница на градскиот Совет ќе предложи ница амандмани на буџетот за 2021 година. Тоа се мерки кои се особено значајни за граѓаните на Охрид, кажа денеска на прес конференција партискиот портпарол Перчо Божиновски и го повика владејачкото мнозинство во советот истите да ги поддржи.


Дек 28, 2020

Некогашни Новогодишни честитки се чуваат во депото на охридскиот архив. Тие се потсетник како во минатото охриѓани си ја честитале Нова година. Пред 7 децении честитките се порачувале кај фотограф и се испраќале на блиски луѓе.