Мар 11, 2025
УХМР
Сончево и топло
Во Охрид денес температурите ќе бидат во интервал од 5 до 18 степени Целзиусови.
Мар 10, 2025
Елена Балевска и Илсен Салиеска Патилоска се новите судии кои ќе делат правда во Основен суд – Охрид
Нови 49 судии низ државава беа избрани на денешната седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Мар 10, 2025
Црвен Крст на Македонија им додели плакети на градоначалниците на Охрид и Дебрца по повод 80 годишниот јубилеј
Учиме од минатото и постигнувањата на плејадата волонтери кои низ текот на 80 години дале придонес за развојот на организацијата на Црвен Крст на Македонија и подобрување на животот на ранливото население во земјава и создаваме нови програми и нови генерации волонтери посветени на хуманта мисија. Ова беше истакнато на свеченоста по повод јубилејот 80 години од основањето на Црвениот крст, која се одржа во Охрид. На свеченоста на која присуствуваше Претседателот на Црвен крст на Македонија, беа презентирани активностите на Црвен Крст Охрид и беа доделени јубилејни плакети на градоначалниците на Охрид и Дебрца.
Мар 10, 2025
Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид
Од сабота започнува подигнувањето на селектираниот отпад
Почнувајќи од 15.03.2025 год. (сабота), а потоа секоја наредна сабота во месецот, Ј.П.„Охридски Комуналец” ќе врши подигнување на селектиран отпад (хартија и картон, пластика).
Мар 10, 2025
НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Лајонс клубот „Деница“ утре со заедничка трибина на тема: „Женското здравје и менопаузата“
Предавач ќе биде д-р Катерина Попоска, гинеколог во Општа болница – Охрид.
Мар 10, 2025
Туристичките водичи да се регистрираат до крајот на неделава во регистарот на општината каде живеат
Туристичките водичи треба да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот.
Мар 10, 2025
Повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на потег кај ЕВН
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со интервенцијата.
Мар 10, 2025
Јавен повик на субвенционирање на дефицитарни занаети
Општина Охрид објави Јавен повик на субвенционирање на дефицитарни занаети и занаети кои бележат намалување на активностите во континуитет на подрачјето на Општина Охрид.
