Со близу 58 милиони денари ќе се задолжува општина Охрид за реконструкција на две улици
Општината ќе аплицира со проект до Министерството за финансии за да ги добие наменските средства од Светска банка. Советниците едногласни за предлог одлуката за долгорочно домашно задолжување е со кое ќе се реконструираат двете улици.
Регистрирани се 608 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (08/09.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 608 прекршоци.
ЗАВРШИ ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Советот на општина Охрид, денес, ја одржа четириесет и деветтата седница со единствена точка на дневен ред Предлог одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Охрид во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2). Советниците едногласно ја прифатија одлука.
Во домот до 4ца гости и носење маска на отворено, дел од новите предлог мерки на Комисијата за заразни болести
Се забрануваат семејни собири, слави и прослави во домови. Маската задолжително треба да се носи секаде, освен при спортување и децата до 6 години, предлага Комисијата за заразни болести како дел од новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Новите мерки се предложени бидејќи според анализите на институтот за јавно здравје и Комисијата најголем број од новите случаи се од групирање на забави, семејни прослави и слични настани.
Денес се празнува Св. Наум Охридски Чудотворец
Денеска се чествува Свети Наум Охридски Чудотворец. Во манастирскиот комплекс се одржува утрена литургија и богослужба.
Дивите депонии се прават преку ноќ, инспекторите пишуваат пријави против непознати сторители
Многу тешко е да се откријат несовесните граѓани, признаваат и волонтерите од здружението Еко фап кои расчистуваат разни видови отпад во градот и туристичките места.
Охриѓани бараат да се стават во функција семафорите кај школото „Христо Узунов“
Граѓаните на Охрид бараат под итно да се стават во функција семафорите кај училиштето „Христо Узунов“. Светлосната сигнализација е потребна за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. За овој проблем охриѓани алармираа во рубриката „Ти си твојот град“.
МОН: Во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници
Министерството за образование и наука информира дека од почетокот на учебната година досега во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници.