Акција на Чист Охрид на месност „Паднати борци“
Десеттина вреќи со секаков вид отпад беа собрани од страна на активистите на Чист Охрид во месноста кај „Паднатите борци“.
ДОНИРАНИ 200 ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ НА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ СЕМЕЈСТВА
Во рамки на проектот „Нула глад во Општина Охрид“ викендов беа донирани 200 хуманитарни пакети за 100 социјално ранливи семејства од општината кои се обезбедени во соработка со позната трговска компанија. Овој проект, Охридската локална самоуправа го реализира во соработка со здружението „Храна за сите – Банка за храна МК“ како дел од националната акција „Нула глад“ и истиот е дел од одредбите на заедничкиот меморандум за соработка.
ОУ „Григор Прличев“ достојно го одбележа својот патронат
На свеченоста која се одржа во дворот на училиштето директорката Иван Маховска Шикалеска им оддаде признание на учениците нарекувајќи ги малите прличевци кои учеа и постигнуваа успеси во пандемија, на своите колеги кои ги водеа учениците низ едно поинакво образование и на родителите. На свеченоста беше потпишан и меморандум за соработка со Гете Институт Скопје со што продолжува успешната приказна на Григор Прличев какао пратнер на овој институт.
Настрадаа информативните табли во Вевчани
Оштетени информативните табли во Вевчани. Продолжуваат вандалските чинови врз јавните добра во општиниве од регионов. Деновиве на мета беа информативните тавбли во Вевчани кои беа испишани со боја.
Продолжува немилосрдното сечење на шумите на Јабланица
Полицијата во неколку акции одзела коњи, камиони и алат за сеча на дрвокрадците. Но екологистите за постошење ги обвинуваат и концесионерите кои прават голосек во буковите шуми.
Викендов во Охрид се спроведе генерално миење на сообраќајниците во градот
Согласно поволната временска ситуација, сончеви денови и повисоки температури, Ј.П.„Охридски Комуналец„ викендов (петок, сабота и недела) се спроведе акција за машинско миење на сообраќајниците во градот.
Занаетчиите бараат посебна тарифа за струја
Енергетската криза ќе биде уште еден голем удар врз занаетчиите, кои во корона кризата се силно погодени и едвај врзуваат крај со крај. Те бараат од владата да бидат опфатени во посебна тарифа.
Презентирана мобилната апликација ‘’Discover Ohrid’’ креирана од ЦИРО
‘’Discover Ohrid’’ прв дигитален туристички водич. Мобилната апликација ја креира Центарот за интегриран развој Охрид – ЦИРО а во нејзината изработка учествуваа 20 стручни лица од различни области како програмер, графички дизајнери, туристички водичи, фотографи, историчари и археолози. Целта ни е дигитализација на туристичките потенцијали и услуги да се подобри конурентноста но и да се подигне свеста за културното и природото наследство на Охрид и неговата заштита , истакна на презентацијата, Претседателот на ЦИРО, Ѓорѓија Паунковски.