Православните верници денес го одбележуваат празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста
Православните верници денес го одбележуваат празникот на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла.
Поради градежни активности прекин во сообраќајот на патниот правец Охрид – Кичево
Сообраќајот на патот Кичево – Охрид, на делницата Пресека-Врбјани денеска меѓу 12 и 15 часот ќе биде во прекин во времетраење од 15 до 20 минути.
Започна реконструкција на пумпна станица за водоснабдување на Струга и околината
Од Општина струга информираат дека деновиве започна реализацијата на еден многу важен проект за Општина Струга, проект кој е во застој повеќе од 30 години.
Вицепремиерот Битиќи денеска во официјална посета на Охрид
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска ќе престојува во официјална посета на Охрид.
Бочварски: Државата ќе ја презема обврската да ги реши проблемите на Охридското крајбрежје
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари прва официјална посета на општина Охрид. Со охридскиот градоначалник ги разгледаат потребите и проблемите на општината кои се во надлежност на министерството. Во урбанистичката сфера е најавена помош од државата при изработка на Урбанистички планови за крајбрежјето и за рехабилитација на патниот правец кон Св.Наум.
ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА И ПОВЕЛБИТЕ „ПАТРОН НА ГРАДОТ- СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Добитник на највисокото општинско признание, наградата „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2020 година е академик Вера Битракова- Грозданова, неуморен истражувач, универзитетски професор и еминентен научник од областа на археологијата и историјата на уметноста.
715 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (02/03.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 715 прекршоци.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во посета на Општина Охрид
Денес Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денес ќе ја посети Општина Охрид.