Во Охрид сеуште нема брзи тестови за Ковид 19
Тестовите доцнат затоа што е под клуч Биохемиската лабораторија при Здравствен дом. Дел од вработените се ковид позитивни, а дел во изолација па установата не може да испрати двајца лаборанти на обука во Скопје.
599 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (25/26.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 599 прекршоци.
Охриѓаните со инвалидитет најчесто се вработуваат во производство
За вработување на лицата со попреченост се отворени вратите на десетина охридски компании. Работодавачите се стимулираат од посебен фонд на Агенцијата за вработување, но при тоа мора да исполнуваат одредени критериуми.
ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ ЗА 2021 ГОДИНА
Со цел да се креираат соодветни проекти кои ќе се финансираат од општинскиот буџет за 2021 година, Општина Охрид веќе десетина дена преку соодветна дигитална алатка поставена на општинската веб страница „Вклучи се-Граѓански буџет“ прибира идеи и предлози за решавање на приортитетни потреби и проблеми на граѓаните.
Запленета марихуана во струшко, приведен дилер од Албанија
На 25.11.2020 околу 11,30 часот полициски службеници од ПС за ГН-Франгово, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот помеѓу с.Вишни и с.Горна Белица запреле патничко моторно возило „форд фокус“ со гостиварски регистарски таблички, сопственост на А.С. (41) од с.Лакавица-Гостивар, управувано од Ф.Ц. (20) од Р.Албанија, а во возилото биле и Б.Л. (34) и Т.Е. (26), двајцата од Р.Албанија.
Почина легендата на фудбалот Диего Армандо Марадона
Претседателот на Аргентина Алберто Фернандес прогласи тридневна жалост поради смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона.
Ренџерите од НП „Галичица“, активно вклучени во програмата за долгорочен мониторинг на биолошка разновидност
Во Национален Парк „Галичица“, ренџерската служба е активно вклучена во програмата за долгорочен мониторинг на биолошка разновидност. Ренџерите помагаат во теренскит активности за проценка на состојбата на ендемските и клучни видови и живеалишта во паркот.
Нова неделна понуда на книги во охридската библиотека
Во новата, неделна понуда од нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ овој пат доминираат македонски автори и Достоевски со четирите тома – руска класика „Браќата Карамазови.