Апр 29, 2011
Ново од “Жито Леб“- Bake & Cake
Отворен уште еден продажен објект, од ланецот млечни ресторани на „Жито Леб “- Охрид. Овој пат со ново лого, објектот се наоѓа во комплексот Охридати како дел од вилата „Два Бисери“.
Апр 29, 2011
Медиумите и стечајните управители учеа за транспарентност во стечајните постапки
На работилницата со наслов: „Улогата на стечајниот управник во спроведувањето на инсолвентната постапка“ тие ги усогласуваа ставовите околу транспарентноста на стечајните постапки.
Авг 28, 2017
Сe понеизвесен почетокот на учебната година за учениците од централниот објект на ОУ „ Братство Единство “
Советот на родители на ОУ „ Братство Единство “донесе одлука дека додека не се санираат настанатите штети на ова училиште кои се последица од земјотресите кои го затекнаа регионов, и додека не се добие извештај од релевантни институции, ИЗИС и сл. децата нема да посетуваат настава во училишната зграда.
Апр 29, 2011
Охрид меѓу топ 10 дестинации според британски Гардијан
Охрид се најде меѓу листата на десетте топ туристички дестинации за младите студенти во Велика Британија направена од британскиот весник Гардијан. Охрид е на истата листа со Хавана, Ибица, Хамбург…
Апр 28, 2011
Се зголеми цената на taxi превозот
Охридските таксисти денес се изборија за зголемување на цената за превоз на патници.
Авг 28, 2017
Уметникот е ангел без крилја
Ангелот со неговата чистота и бескрајност основен мотив на вечерашната изложба на тројца еминентни автори. Преку скулптури, мозаик и слики претставена врската помеѓу човекот и Бог. Драган Спасески Охридски е домаќин на овој несекојдневен проект кој се реализира токму на денешниот голем христијански празник.
Апр 28, 2011
Седница на советот како увертира на предвремените избори
Бурно издание на Седницата на советот на Општна Охрид. Оваа нејзина трисет и трета епизода, помина во знакот на извештаите за сработеното во комуналната сфера, барањата на такси превозниците и утврдувањето на локацијата за одржување на предизборните промотивни активности на партиите.
Апр 28, 2011
Во приватна куќа откриени 17 кг марихуана
Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К. (43) од Охрид.