„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, започнаа со спроведување на Проектот„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.
Регистрирани се 485 прекршоци, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (16/17.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 485 прекршоци.
Студиото МПМ дизајн за изработка на витраж одбележува 25 години успешна работа
Архитектот Митко Поповски е автор на голем број уметнички предмети од витраж кои ги красат домовите, но се дел и од големи архитектонски градби во земјава. Издржавме 25 години исполнети со макотрпна работа, со амбиција и ентуизијазам без разлика на променливите времиња, напоменува Поповски за досегашната работа на специјализираното студио.
ТВМ со засилена промоција на рубриката „Ти си твојот град“
ТВМ телевизија врши засилена промоција на рубриката „Ти си твојот град“. Целта е младите во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца да се запознаат со можноста што им ја нуди нашата ТВ куќа, а тоа е да бидат активни млади, да се вклучат, да ни испраќаат фотографии, да ни пријавуваат проблеми.
Презентиран Правилникот за урбанистичко планирање пред стручната јавност
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба Деканот на Архитектонски факултет и професори од Факултетот, со претставници на Комората на овластени инженери и архитекти како и претставници од Асоцијацијата на архитекти.
ОПШТИНА ОХРИД СЕ ВКЛУЧИ ВО ПРОЕКТОТ „ОСЛОБОДИ ГО УМОТ ОД КОРУПЦИЈА“
Општина Охрид се вклучи во проектот „Ослободи го умот од корупција“ кој го имплементира Здружението на граѓани -театар „Боеми“ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје и Министерството за локална самоуправа.
578 прекршоци за неносење заштитна опрема за лице
Во текот на изминатото деноноќие (15/16.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 578 прекршоци.
Капетанија ќе иницира измени во Законот за внатрешна пловидба
Ќе бараат да се регулираат недостатоците кои им се јавуваат во пракса. Меѓу измените кои ги најавуваат се воведување на лиценци за управување на такси чамците, но и за лицата кои ги возат такси чамците. Лиценца за работа ќе се бара и за лицата кои изнајмуваат педалинки .