ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “OHRID GO”
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска го потпиша договорот за имплементација на проектот „Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO)“, кој е финансиран од страна на ЕУ преку програмата EU for Municipalities.
Охриѓани може по телефон да побараат психолошка помош
Охриѓани може по телефон да побараат психолошка помош од одделот за ментално здравје при Општа болница Охрид. На овој начин психолозите ќе бидат подостапни и ќе може побрзо да реагираат. Граѓаните се почесто се соочуваат со панични напади, депресивни и анксиозни состојби со пролонгирање на времетраењето на пандемијата.
Божиновски: Власта нема капацатет да се справи со дивоградбите
Делумното и селективно рушење на почетокот на летото беше само евтин политички маркетинг во очи на изборите, кажа денеска на пресконференција, портпаролот Перчо Божиновски.
Намалување на цената за паркинг во централното градско подрачје
На ден 20.10. 2020 година до јавното претпријатие “Билјанини Извори” пристигна барање од Здружението на угостители “Охридски еснаф” со број 03 802/1.
572 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (16/17.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 572 прекршоци.
Поддршка од ГИЗ за јавните комунални претпријатија во време на Ковид-19
Како одговор на пандемијата со Ковид-19 и имајќи ги предвид специфичните потреби и предизвици со кои се соочуваат јавните комунални претпријатија во регионот, Отворениот регионален фонд на ГИЗ за модернизација на општинските услуги, во соработка со партнерските организации, подготви неколку мерки на помош, финансирани од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ).
Кризниот штаб од општина Вевчани повика да се затворат угостителските објекти на една недела
Побарано е засилена контрола врз лицата кои се во изолација, а исто така вевчанци да не се собираат на разни прослави. Расте бројот на инфицирани од ковид 19, а 55 годишен маж е првата жртва на вирусот во Вевчани.
568 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (15/16.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 568 прекршоци.