Skip to main content
Апр 11, 2011

Се отфрлаат обвинувањата од директорот на Здравствен дом, д-р Митко Дабески, упатени до секторот за урбанизам и просторно  планирање, дека тие ќе бидат виновни за пропаѓање на проектот за изградба на современ објект.


Авг 19, 2017

Точно на пладне стартуваше  Охридскиот пливачки маратон. Дваест и двајца пливачи од светот и Макдонија ќе се борат за првото место во машка и женска конкуренција. Временските услови за ова 31-вото маратонско издание се идеални. 


Апр 11, 2011

Македонците за среќа не ги почувствуваа јапонските земјотреси, но осигурителните компании од земјава сигурно ги почувствуваа. Заинтересираноста на населението за осигурување од земјотрес е во постојан пораст. Дали се работи за страв, претпазливост или согледување на корисноста од осигурувањето?


Апр 9, 2011

Европската иднина на вашата земја е цврста и затоа вратите на унијата за вашата  земја се целосно отворени порача од Охрид, претседателот на Европската Комисиjа , Жозе  Мануел  Баросо.


Авг 19, 2017

Обид да се вратат во  живот занаетите кои се  во изумирање. Во тек е оглас со кој се  бараат  занаетчии кои ќе ги подучуваат невработените лица да стекнат со занаетчиски  вештини.  Обуките ќе траат неколку месци во зависност од видот на занаетот.     


Апр 9, 2011

Откако Собранието на Република Македонија го донесе Законот за Охрид, барем на хартија работите би требало да се движат во вистински правец. Старото охридско јадро е прогласено за културно наследство од особено значење и како такво мора да биде зачувано.


Апр 8, 2011

Предвремените парламентарни избори ќе ни ја отворат овогодинешнава туристичка сезона.


Авг 18, 2017

Охридските советници и на крајот од мандатот покажаа дека сакаат бурни дискусии. Точката која беше дополнително ставена на дневен ред за Стратегијата за интеграција на бегалци и странци во РМ за период од 2017 до 2027год., им ги разбранува страстите. ЗА некои оваа точка воопшто не требаше да се најде пред градските избраници бидејќи тие не се овластени да дискутираат по неа, за други тоа е чиста хипокризија, а трети пак велат дека сега е вистинско време за дискусија на оваа тема.