Во општина Охрид нема застој во спроведување на вакцинации
Службата за превентивна здравствена заштита работи професионално според протоколите дадени од ресорното министерство. И покрај ковид пандемијата имунизацијата досега тече без одложување.
Здравствениот дом Вевани направи дневна болница за лекување на заболени со корона вирусот
Пациентите позитивни или сомнителни на ковид-19 од Вевчани и околните струшки села Лабуништа, Татеши, Велешта, Октиси, Подгорци, Јабланица добија безбеден и изолиран простор за лекување.
Подигната рампата за влез и излез во стар град пред Горна Порта
Непречениот влез во овој дел од градот е овозможен по барање на родителите и ОУ Св. Климент Охридски за учениците кои посетуваат настава со физичко присуство. Од ЈП Билјанини извори велат дека рампата ќе биде подигната во одреден временски период во текот на неделата додека трае ситуацијата со ковид 19.
Во петок седница на Советот на општина Охрид
За овој петок е закажана втората седница на Советот на општина Охрид. Ќе се верифицираат мандатите на советниците и ќе се избираат комисиите.
737 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (01/02.11.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 737 прекршоци.
Промоција и дегустација на дел традиционалните јадења и производи од околината на Белчишко Блато
Викeндов во селото Bелчишта, Општина Дебрца се одржа промоција на дел од традиционалните јадења и производи од околината на Белчишко Блато.
Градоначалникот Георгиески подготвен да дежура со колегите на Инфективното одделение
Градоначалникот Константин Георгиески го известил министерот за здравство Филипче дека е подготвен да дежура и заедно со колегите од јавното здравство да се грижи за пациентите со Ковид на Инфективното одделение во охридската болница. Поради зголемениот број на заболени со корона вирусот притисокот врз болничките капацитетите се зголемува, а медицинскиот персонал е преморен. Министерот ги повика интернистите од приватните ординации да се стават на располагање на државата.
928 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (29/30.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 928 прекршоци.