За Божиќ бесплатен паркинг за сите корисници
ЈП “Билјанини Извори” во пресрет на големиот христијански празник Божиќ ја известува јавноста дека утре, 07. 01. 2021 ( четврток) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе биде бесплатен за сите нејзини корисници.
СОСУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА КАМПОТ НА ИНОВАЦИИ 2021
Средното Општинско Стручно Училиште „Св.Кирил и Методиј” ќе биде домаќин на Кампот на иновации 2021. Од училиштето упатуваат голема благодарност до организацијата Џуниор Ачивмент Македонија што ја прифатија нивната апликација.
Денес е Бадник
Бадник или Коледе — денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција.
ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ го одбележува патронатот
Општинскиот електро машински училишен центар Св Наум Охридски го одбележува патронатот. Половина век овој центар образува кадри од областа на техниката со постојано настојување за напредок и оспособување на своите ученици да бидат конкурентни во динамичниот развој на пазарот на трудот. Во услови на пандемија изостана традиционалната програма во која учениците од сите струки презентираа дел од своите вештини и знаења а патронатот го честита директорот Сашо Недески преку видео порака.
Затајуваат обврските за заштита од пожари во станбените згради и трговските центри
Станарите во станбените заедници не покажуваат грижа за својата безбедност од пожари. Во влезовите и понатака има неисправни хидранти, а скоро и да нема противпожарни апарати. Слична е ситуацијата и во мини трговските центри низ Охрид.
ЈП „Билјанини Извори“ со донација за Ковид одделението во Охрид
ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид денеска ја продолжи традицијата на донирање во пресрет на Божикните празници.
Пописот на населението ќе се спроведе од 1 до 21 април
Премиерот Заев порача дека нема отстапувања од плановите за попис, а опозицијата ако сака нов попис – тоа може да го направи по 10 години.
292 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (04/05.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 292 прекршоци.