Skip to main content
Јун 11, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (10/11.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 лица потпишале изјави за самоизолација.


Јун 11, 2020

После алармантната ситуација која беше затекната со превземањето на локацијата во делот на заштита на Охридското езеро и третманот досегашен кон него, ЈП „Билјанини Извори“ достави барање до јавната научна установа Хидробиолошки завод Охрид, итно уредување. Добиено е позитивно мислење за да се изврши чистење на тињата од горниот брегот према Охридското езеро во должина по целата страна од 20 метри и ширина од брегот кон трските од 5 метри.


Јун 11, 2020

Владата на една од последните седници донесе Уредба со која им се наложува на концесионерите да ги тргнат изградениети платформи и угостителските  објекти , бидејќи  договорот за закуп им е истечен од пред три години. Одлуката се однесува на сите плажи вдолж охридското и струшкото крајбрежје, од Свети Наум до Радожда.


Јун 10, 2020

 Од нив шест од  градот, еден  од Луково  и еден од Радовиш. 5 лица се поврзани од познат кластер кои учествувале на семејна прослава. Триесет лица од истиот кластер покажале негативни резултати. Над 80 лица се наоѓаат во домашна изолација. 


Јун 10, 2020

Снимањето на убавините на земјата почна од Демиркаписката Клисура,  а ќе следуваат уште девет видео записи меѓу кои еден и од охридскиот крај. Oд Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на овој начин ќе ги поттикнува  Македонските граѓани да патуваат низ убавите домашни предели за да ја поддржат домашната економија.     


Окт 29, 2021

Позитивните законски прописи мора вистински да се применуваат за правилна урбанизација. Сите активности во иднина има да се спроведуваат согласно законската регулатива, истакна Кирил Пецаков, кандидат за Градоначалник на Охрид.


Јун 10, 2020

Од Националната установа имаат првичен предлог отворањето на јубилејното 60-то издание да биде на 4 август кога е роденденот на фестивалот. За конечната одлука на стартот сепак ќе се чека прогласување на крајот на пандемијата со Ковид 19 во државата.


Јун 10, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (09/10.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.