ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ АПЕЛИРА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ОБЕЛЕЖАНИТЕ ПАРКИНГ МЕСТА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ја информира јавноста, а особено несовесните граѓани, кои спротивно на правилникот за регулирање на начинот за користење на паркинг место, одобрен од Советот на општина Охрид, ги паркираат своите возила на места обележани за паркирање на лица со попреченост, дека во иднина секој таков прекршок ќе биде пријавуван до надлежните служби. Подолг период вработените на јавните паркинзи им укажуваа на несовесните граѓани, но проблемот продолжува.
Од 12:00 до 15:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид
Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, кај селото Врбјани, утре ќе има прекин во сообраќајот од 10 до 15 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.
Руски тв серии на Телевизија ТВМ
Хит руски серии од вечерва стартуваат на ТВМ. Хотел Русија, Кум, Бригада, Фитнес се само дел од познати наслови кои ги освоија љубителите на телевизискте серии. За претстојните празнични денови Ве очекува избор на Божиќни филмови кои се секогаш добар избор за зимските вечери во кругот на семејството.
Среќата доаѓа на тркала
Мото клубот „Лебеди“ од Охрид во соработка со неколку правни лица од градов денеска доделија 550 пакетчиња за децата на вработените во Општите болници во Охрид и Струга, ЈЗУ „Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања“ и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид, кои се вистинските херои во бробата со корона пандемијата.
ОК на ВМРО ДПМНЕ – Охрид со низа амандмани на буџетот за 2021 година
ОК на ВМРО ДПМНЕ -Охрид на утрешната седница на градскиот Совет ќе предложи ница амандмани на буџетот за 2021 година. Тоа се мерки кои се особено значајни за граѓаните на Охрид, кажа денеска на прес конференција партискиот портпарол Перчо Божиновски и го повика владејачкото мнозинство во советот истите да ги поддржи.
Новогодишни честитки потсетник како во минатото охриѓани си ја честитале Нова година
Некогашни Новогодишни честитки се чуваат во депото на охридскиот архив. Тие се потсетник како во минатото охриѓани си ја честитале Нова година. Пред 7 децении честитките се порачувале кај фотограф и се испраќале на блиски луѓе.
Јавноста се вклучува во постапката за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје
На јавна дебата се слушнаа предлози за изготвување Нацрт- Студија за валоризација на Споменикот на природата – Охридско Езеро. Меѓу предлозите се зонирање на езерото и замена на моторните чамци со еколошки мотори.
Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари
„Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Но, ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага Свети Василија“, напиша на својот фејсбук профилл, Сашо јанкоски градоначалникот на Вевчани.