Казнети 15 возачи од Охрид за непрописно престигнување
На 17.11.2021 во периодот од 08 до 11 часот, на подрачјето на СВР Охрид, спроведени се акциски сообраќајни контроли при што, полициските службеници затекнале и санкционирале 30 возачи на моторни возила кои извршиле непрописно престигнување (Охрид-15, Струга-04, Кичево-03, Дебар-08).
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ НА УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ КАЈ РЕКА ГРАШНИЦА
Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за уредување и проширување на коритото на реката Грашница кои се реализираат од пресекот на булевар„ Туристичка“ со улица „Железничка“ во должина од околу 170 метри.
644 санкции за неносење маска за 24 часа
Во текот на изминатото деноноќие (20/21.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 644 прекршоци.
Комисијата за заразни болести предлага 14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија, владата ги забрани сите летови од Велика Британија
Комисијата за заразни болести предлага 14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија, напиша на својот Фејсбук профил Министерот за здравство Венко Филипче.
Проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP“ во финалната фаза на имплементација
Проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP“ влегува во финалната фаза на имплементација. Главната цел на проектот е Заштита и конзервација на загрозени и автохтони видови флора во меѓу-граничната област, која ќе биде постигната преку приоритизација и конзервација на загрозените видови флора, развивање на структури за конзервација вклучувајќи и дигитални апликации и инфраструктури, како и подигнување на свеста со цел пошироко разбирање на важноста на одделните видови флора и нивниот биодиверзитет.
Ажурирана листата – проверете дали ви следува финансиска помош
Успешно е ажирирана листата на која може да проверите дали ви следува финансиска помош од државата.
Заев од Претор: Обезбедивме првични 80 милиони денари за ревитализација на Преспанско Езеро, заштитата на природното богатство е приоритет
Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, посетата на преспанскиот регион ја искористи и за увид и обиколка на Преспанското Езеро за прецизирање на спроведувањето на препораките и акцискиот план предложен од експертите за одржливо управување на Преспанското Езеро.
Општина Вевчани полека целосно ја комплетира својата канализациона мрежа
Владата на Република Северна Македонија донесе одлука на Општина Вевчани да и додели средства за изградба на канализациони линии во вредност од 5.248.058 денари.