Skip to main content
Ное 18, 2021

На 17.11.2021 година во СВР Охрид приведен е А.Б.(29) од Охрид. При контрола на патнички автомобил со кој се превезувал, извршена кај месноста „Алтанин мост”, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа паковка со опојна дрога марихуана.


Дек 19, 2020

Синоќа во Охрид на неколку локации беа запалени пластични контејнерни за депонирање на комунален отпад. На социјалната мрежа Фејсбук се огласи охридскиот градочачалник Константин Георгиевски со осуда за овој вандалски чин.


Дек 18, 2020

Повикот за поднесување барања за помош на самостојните уметници опфатени дури во четвртиот пакет мерки, завршува утре. Уметниците во пандемијата се најдоа во незавидна состојба и дел од нив мораа да бараат хонорарни ангажмани за да заработат. 


Дек 18, 2020

На последниот натпревар во Кикинда, Србија освоија злато и сребро во две категории во камерна и духовна музика. Членовите се активни и се адаптираат на новите услови на работа со он лине проби.


Дек 18, 2020

Центарот за Југозападен плански регион поднесе  два регионални проекти за финансирање на приоритетни потреби за сите  9  општини. Од општина  Охрид се прифатени две проектни апликации за користење средства од Програмата за регионален рамномерен развој за 2021 година. Ќе се  реновираат апартмани на ЗГ Мобилност и реконструкција на ул. Јане Сандански . 


Дек 18, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (17/18.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 607 прекршоци.


Дек 18, 2020

Од денеска почнува примената на рестриктивните мерки што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на коронавирусот.


Дек 18, 2020

Водостопанство на РСМ, подружница „Црн Дрим“-Охрид, деновиве работи на чистење на каналите за иригација во регионот на Струга.