Охридскиот кардиохирург Марјан Шокаровски дел од првата трансплантација на срце во македонското здравство
Дел од мешаниот тим на хирурзи од јавното и приватното здравство кој успешно го спроведе овој зафат прв од тој вид во Македонија е и кардиохирургот Марјан Шокаровски од Охрид.
Првата попуподморница заплови по Охридското езеро
Симпатично пловно објектче кое се очекува да биде посебно доживување и за туристите и за охриѓани, со овие зборови Капетанот на капетанија на пристаништа ја опиша полуподморницата која денеска беше спуштена во водите на Охридското езеро. Пловилото има провидно дно за разглед на езерското дно и е во сопственост на кавадаречка фирма.
Припадниците од друштвото Луњина од Охрид бараат промена на називот Власи во Армани
Влашкиот јазик да се пренесува на децата уште во домот и да се учи факултативно во училиштата. Сеуште е мал бројот на граѓаните кои имаат влашко потекло и се декларираат по националност како Власи. Нивните барања доаѓаат во пресрет на 23 мај Националниот ден на Власите.
УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА АКТИВНО ВКЛУЧЕНА ВО БОРБАТА СО КОВИД-19
Универзитетската клиника за психијатрија по повод Светската недела за подигнување на свесноста за ментално здравје (18-22 мај) ја потенцираат важноста за унапредување на менталното здравје, посебно во време на актуелната пандемија со Ковид-19.
Наскоро ќе се познати цените за резервации во хотелското и приватното сместување за домашните туристи
Хотелиерите треба да ги формираат цените за користење на ваучерите од државата кои се спас за туристичкиот сектор. Министерството за економија заедно со здруженијата и стопанските комори работат на 4 сет мерки за помош на најпогодените стопански сектори меѓу кои се и хотелиерството, угостителството и транспортот.
Време е да го прославиме Halloween заедно со Comodita Home
Halloween се прославува на 31-ви октомври секоја година и е еден од најзабавните празници. Семејствата ширум светот подготовките за празникот ги започнуваат и многу порано. Подготовка на уникатни костими за денот на Hallowееn забавата, готвење на слатки јадења и закуски како колачиња и украсени бонбони. Еден од најзабавните и момент кој го прави овој празник забележлив е тематското украсување на домовите и нивно трансформирање во куќи на стравот, украсени со режани тикви, кои се патем и еден од симболите на празникот Halloween.
НОВ АСФАЛТ ВО ПЕШТАНИ, ТРПЕЈЦА И ЉУБАНИШТА
Деновиве интензивно се изведуваат работни активности за асфалтирање на улици во неколку населени места во Општина Охрид.
Сообраќајната полиција ќе врши интензивни контроли
Сообраќајната полиција, во услови на зголемена фрекфенција во сообраќајот на целото подрачје на СВР Охрид, ќе врши интензивни контроли со цел подигнување на сообраќајната превенција и намалување на ризиците во сообраќајот. Полицијата ќе ги опоменува сите учесници во сообраќајот но и ќе казнува при констатирани неправилности.