Skip to main content
Окт 2, 2020

Членовите на здружението Еко-фап го поминуваат слободното време во собирање на отпадот што зад себе го остваат несовесни граѓани и посетители на охрид. Со нивните еко акции досега расчистиле со тони разни видови отпадоци на разни локации во градот и околината. Целта на оваа еко дружина е да  проработи свеста кај граѓаните дека до секој поединец е дали како заедница ќе живееме цивилизирано или ќе се давиме во отпад. 


Окт 2, 2020

Негователка од клон на охридската градинка Јасна Ристеска е  позитивна на ковид 19. Во изолација ќе бидат ставени дечињата кои биле во нејзината група. По епидемиолошката анкета  ќе се знае дали воспитувачката имала контакти со  колешките.  


Окт 2, 2020

Во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во:


Окт 2, 2020

ТАВ Македонија , подружница на ТАВ Аеродроми , го назначи Метин Батак за Генерален директор , ефективно од 1 октомври 2020. Алпер Ерсој ќе ја напушти позицијата на генерален директор и ќе биде назначен за генерален директор на ТАВ Грузија, компанија која управува со аеродромите Тбилиси и Батуми.


Окт 2, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (01/02.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 874 прекршоци.


Окт 2, 2020

Денеска започнаа градежни активности за поставување на првиот асфалтен слој на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.


Окт 1, 2020

Учениците од струшките средни училишта  „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“  денеска  со мирен протест го изразија својот револт  против онлајн настава. Вевчанци пак разочарани што не добиле согласност за настава со физичко присуство од 4то до 9то одделение предлагаат нивното училиште да биде пилот проект на Министерството за образование и Комисијата за заразни болести за следење на епидемиолошката слика доколку се дозволи децата да одат на училиште.


Ное 10, 2021

Денес во зградата на Локалната самоуправа се одржа Конститутивната седница на Советот на Општина Охрид. Со мнозинство гласови „ЗА“ за   Претседател на Советот беше избран Сашо Донев. На Седницата беа верификувани мандатите на 22-ца советници, а на уште еден мандатот ќе му биде верификуван на една од наредните седници кога тој ќе биде присутен.