Се сумираат резултатите од туристичката сезона 2020
Корона пандемијата го сопре подемот на рецептивниот туризам на охридското крајбрежје ова лето. Ниската економска моќ на домашните во споредба со странските туристи не може да го спаси домашниот туризам, сметаат туристичките работници.
Почна учебната година за првачињата
Училиштата им посакаа топло добредојде со посебни протоколи. Со физичко присуство почна наставата и за второ и трето одделенците. Основците од останатите предметни одделенија и средношколците наставата ќе је следат он лине.
СПРОВЕДЕНИ СИТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ ВО ОХРИДСКИТЕ УЧИЛИШТА
Согласно протоколите и мерките за заштита од „КОВИД 19“ и Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, кој го утврди Министерството за образование и наука, Општина Охрид навремено ги спроведе сите предвидени подготовки за почеток на учебната година, кои се предвидени за наставата со физичко присуство од прво до трето одделение.
890 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (30.09/01.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 890 прекршоци.
ОХРИДСКИТЕ СЕЛА ЌЕ ДОБИЈАТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
Со години недостокот од урбанистички решенија за селата ги попречува овие средини во стопанскиот и туристичкиот развој.
Комисија: Средните училишта во Општина Охрид ќе учат он лајн
Уште едно училиште во Општина Охрид доби дозвола за организирање настава со физичко присуство. Комисијата даде согласност учениците од четврто одделение во подрачното училиште Климент Охридски во Далјан да следат настава во училници.
Во петок започнува вакцинацијата против сезонски грип
Првиот човек на Здравствен дом Виктор Исјановски потврди дека во петок започнува имунизацијата против сезонскиот грип.
Здружението „Мозочен удар“ активно во услови на пандемија
Здружението за борба против мозочен удар ,,Мозочен удар,, согласно со препораките на светската организација за мозочен удар во изминативе месеци се вклучи со повеќе активности во мисијата да се подобри статистиката при оваа болест.