Skip to main content
Мај 12, 2020

Според официјалните најнови податоци на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2020 година изнесува 17.943, а бројот на ноќевањата изнесува 41.948.


Мај 12, 2020

Медицинските сестри заедно со лекарите се на првата борбена линија со пандемијата и на 12 мај кога се одбележува Светскиот ден на сестринството. Годинава ќе изостане изборот за најхумана медицинска сестра и епитетот им припаѓа на сите нив кои се борат со Ковид 19. Медицинските сестри велат респектот кон професијата се зголемува и пациентите ја препознаваат нивната голема пожртуваност во борбата за спасување на човечки животи.


Мај 12, 2020

Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца, денеска на Општинскиот Црвен крст му врачи одредена количина на заштитни маски за повеќекратна употреба.


Мај 12, 2020

Вo рамки на Неделата на Црвениот крст, од 8 до 15 мај, Црвен крст Охрид во соработка со Трансфузиолошкото одделение во Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 14.05.2020 (четврток) во просториите на Трансфузиологија во Охрид (Општа болница) во периодот од 8:30 до 12:30 часот.


Мај 11, 2020

Остри реакции и обвинувања на ВМРО ДПМНЕ за отчетот на градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. 


Мај 11, 2020


По речиси две децении Општина Охрид конечно ќе има одблокирана сметка, а тоа ќе значи поголема функционалност, многу повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти како и поедноставен пристап до европските фондови,  вели Градоначалникот Георгиески во видео отчет за сработеното во првата година од мандатот. Градоначалникот се пофали со , сериозни вложувања во инфраструктурата и образованието, добра кондиција на јавните претпријатија, и посветеност на процесот на исполнување на препораките на УНЕСКО.  
Убеден сум дека можеме да постигнеме  уште повеќе успеси и преку силно заедништво и соработка и во иднина ќе продолжиме да одиме напред, порачува Георгиски.


Мај 11, 2020

Современ апарат кој со УВ зраци ги уништува вирусите и бактериите во воздухот и на површините доби охридската општа болница. УВ Гард е донација од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров а со финансиска поддршка од Хотел Су како општествено одговорна компанија.


Окт 27, 2021

Работилници за основци од Охрид и Ресен под наслов „Чудесниот свет на безрбетниците“ по повод 63 години од постоењето на Национален Парк Галичица.