Skip to main content
Авг 24, 2021

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишниот М.Т. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.


Јан 21, 2011

Овој проект е сеуште во неговиот зародиш. За сметка на тоа, од ден на ден во регионов расте бројот на дивите депонии.


Јул 13, 2017

Со незаборавен концерт, модерниот џез квартет „Форплеј“, го отвори 57 издание на „Охридско лето“ на Антички театар. На отварањето, покровителот на фестивалот, претседателот на Р. Македонија Ѓорге Иванов истакна дека нема подобар начин за започнување на „Охридско лето“ од отворање со џез, чие второ име е слобода. А министерот за култура Роберт Алаѓозовски рече дека во периодот што доаѓа „Охридско лето“ ќе понуди нова визија за новите времиња.


Јан 21, 2011

Велгоштани ги искршија своите автомобили во обид да стигнат до своите домови. Се жалат дека главната сообраќајница која води до ова населено  место веќе месеци наназад е раскопана и со дупки. Таков е и патот кој води до црквата „Св.Димитрија“ каде е речиси невозможно да се разминат две возила.


Јан 21, 2011

Нашите граѓани сеуште недоволно информирани за безцаринскиот режим. Истиот им овозможува купување на нови и половни автомобили без да ги плаќаат високите царински давачки. Со ова, тие добиваат можност да го подноват својот возен парк со некое поново возило.


Јул 13, 2017

Охриѓанецот Стефан Стефаноски е вљубеник во физиката, природата и Охрид, човек чија што неизмерна страст кон пренесување на неговите знаења на младите генерации не може ништо да ја замени.


Јан 20, 2011

Иван Тасески влегува во традицијата на една од поголемите манифестации во Охрид, фрлањето на бурето со вино, која се одржува на големиот христијански празник Св. Јован Крстител.


Јул 13, 2017

Сопствениците на глисерите и на скутерите ќе мора и ова лето да ја почитуваат забраната за пловење од 1јули до 31 август. Од Охридската капетанија велат дека сеуште недостасува наутичка култура за да дојде до прекин на забраната.