Иницијатива за реализација на проект за реставрација на река Сатеска
Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Општина Дебрца со седиште во с.Белчишта бб општина Дебрца достави известување за намера за изведување на проектот и утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина: Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца.
Пецаков: ВМРО-ДПМНЕ преку амандмани на буџетот за 2021 година предлага мерки за Охрид и охридско
Кирил Пецаков, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека СДСМ нема концепт за развој на туризмот и развојот на Охрид и унапредување на заштитата на Охридското езеро, а тоа се гледало и од Предлог буџетот за следната година.
Охриѓани да помогнат со почитување на мерките апелира медицинскиот кадар од Општа болница
95 пациенти се болнички згрижени во Општа болница Охрид. Состојбата со болничкото лекување на пациенти позитивни на ковид 19 постојано се менува и во моментов има слободни болнички кревети. Директорот на охридската болница упатува апел до сограѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки.
Почнува пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование
Со обука на наставници денеска официјално ќе почне пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование (ССО) во земјава, кое го најави Министерството за образование и наука.
Нов месец – нови книги во Библиотеката
Во првиот избор од нови книги овој декември доминираат македонските автори. Уште од денес на пултот за издавање во НУ Библиотека „Григор Прличев“ можете да ги побарате следните изданија:
„Размислувај поразлично“ – започна Мобил филм фестивал
Деведесет филма од цел свет од денеска до 6 декември ќе се прикажуваат онлајн на 11. издание Мобил филм фестивал. Под мотото „Размислувај поразлично“, филмската програма ќе биде бесплатно достапна на платформата Cinesquare.net.
Македонија и Албанија ќе потпишат спогодба за менаџирање на риболовот на Охридското и Преспанското Езеро
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Албанија, Бледар Чучи ќе потпише спогодба за заедничко менаџирање на риболовот на Охридското и Преспанското Езеро.
Денот на св. Климент Охридски – 8 декември – неработен за сите граѓани
Денот на св. Климент Охридски – 8 декември 2020 (вторник) е неработен ден за сите граѓани на државата, соопшти Министерството за труд и социјална политика.