Збогатен со книги детскиот оддел во Градската Библиотека
Детскиот оддел на НУ Библиотека „Григор Прличев“ деновиве е збогатен со уште шест книги кои ги чекаат новите читатели.
Манифестацијата „Охрид трчаТ 2020“ презакажана за последниот викенд од август
„Поради епидемијата со КОВИД-19 го одложуваме Охрид трчаТ 2020 и го презакажуваме за последниот викенд од Август, 28-30 2020 година“, велат од „Охрид Трчат“.
Советниците преку скајп одржаа седница и донесоа мерки за помош на угостителскиот сектор и за граѓаните
Едногласно изгласаа одлуки за намалување на закупнината за поставување на урбана опрема и ослободување од плаќање на комунална такса за користење на просторот пред деловните простори. Ќе се согледа и финансиска можност на општината за субвенционирање на комуналните услуги за граѓаните во социјален ризик и бесплатно користење на општинската сала за склучување бракови.
ДОНАЦИЈА ОД 50 ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИ СЕМЕЈСТВА
Општина Охрид доби донација од 50 таблет компјутери од компанијата „Еколог Интернешнл“ кои ќе бидат наменети за учениците од социјално-ранливи семејства од Охрид кои имаат потреба од вакви електронски уреди за да можат да ја следат наставата „онлајн“.
Инцидент при преземањето на сидрилиштето за пловни објекти кај Студенчишта
Кон Директорката на ЈП Билјанини извори, вработени во претпријатието и едриличари присутни во моментот на локацијата биле упатени навреди и закани од претставници од ЕК Стрмец, револтирани од одлуката на општината да го додели на стопанисување тој простор на јавното претпријатие.
ЈП „Билјанини Извори“ времено ќе стопанисува со просторот за сидрење пред мостот кај Студенчишта
На Охрид му доликува да има еден уреден Центар за водени спортови , кој ќе биде отворен за сите граѓани на Охрид за обука, тренирање и рекреација со едрилица или кајак, кажа денеска директорката на јавното претпријатие Гордана Јованоска.
Откажани свадбените свечености во охридските хотели
Венчавките и свадбите се презакажуваат за есенските месеци па дури и за идната година. Огромни финансиски загуби претрпуваат хотелите, организаторите на свечености и видеопродукциите.
СВИКАНА ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Утре во 11 часот охридските советници преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација, ќе ја одржат 42та седница на Советот на Општина Охрид.