ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ПРВОСЛАВНИТЕ ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ
Во пресрет на велигденските празници ЈП „Охридски Комуналец“ во координација локалната самоуправа и Дебарско-кичевската епархија, спроведе акција за дезинфекција на православните верски објекти на територијата на Општина Охрид.
Точков: Предлогот на охридскиот кризен штаб е издржан
Предлогот од охридскиот кризен штаб за забрана за влез и излез во градот е доставен до Централниот кризен штаб во Владата и се очекува надлежните органи да се изјаснат. Во меѓувреме изјавата на епидемиологот од Институтот за јавно здравје, Жарко Караџовски кој кажа дека барањето на Општина Охрид не е коректно, хумано, ниту епидемиолошки издржано ги револтира охриѓани.
Точков: Охриѓани дисциплинирани, епидемиолошката состојба во Охрид стабилна
Состојбата во Охрид со корона вирусот подолг период е стабилна. Тоа покажува дека граѓаните до сега се совесни во поглед на почитување на препораките. Како што се приближуваме кон пикот требна да бидеме уште подисциплинирани, порачуваат од Центарот за јавно здравје.
Комуналец ќе го подига отпадот и за време на полициски час
Зголемени се количините на депониран отпад, велат од ЈП. Продоложуваат со дезинфицирање на улиците и влезовите во зградите.
СВР Охрид: Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна
Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 10.04. до 07.00 часот на 11.04.2020 годинa, четири лица во Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Охридскиот кризен штаб бара забрана за влез на жители од други градови во Охрид
Оваа мерка е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели во време на епидемија, објаснуваат од кризниот штаб.
Први ги затворија угостителските објекти но први и ќе закрепнат од економската криза
Вакви се предвидувањата на експертите по туризам за угостителите. За разлика од угостителите, сценариото не е толку поволно за хотелиерите. Според светскиот економски форум заздравувањето на туристичката сфера се очекува во следните 10 месеци во ситуација кога никој не знае колку ќе трае борбата со коронавирусот.
ВМРО ДПМНЕ ветува изградба на нови мултифункционални спортски игралишта во Велгошти и Видобишта
Во периодот што следува сакаме да придонесеме децата – нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики, се вели во соопштението на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.