Разбиена терористичка келија
Министерството за внатрешни работи во соработка со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде оперативно тактички мерки и активности што резултираа со сузбивање односно приведување на трочлена терористичка група која делувала на територијата на Република Северна Македонија.
Центар за јавно здравје Охрид доби донација UV-C ламба за дезинфекција на простории
UV-C ламба за дезинфекција на простории од вируси и бактерии доби Центарот за јавно здравје Охрид. Апаратот е донација од комапнијата ТЕСЛА ЛЕД ДООЕЛ Скопје. Директорот на Центарот, Сашо Точков изрази благодарност за шпаратот кој ќе им ја олесни работата и ќе ја зголеми безбедноста на здравствените работници и на граѓаните.
11 нови случаи на Kовид-19
Во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19 во:
Во викендите и по 400 пловила има во каналот и сидриштата долж езерскиот брег
Градот нема прописна марина, а за среќа досега инспекторите од Капетанија не регистрирале поголеми еколошки нарушувања. Ова лето многу често граѓаните се прашуваат дали има еколошка анализа колку пловила може да издржи езерото од загадувањето кое го предизвикуваат моторите со внатрешно согорување.
Краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид
Денес, во периодот од 12:00 до 15:00 часот, компанијата АД „Илинден“ од Струга ќе врши минирање на патниот правец А2 Кичево-Охрид, поточно на делницата Пресека – село Врбјани.
Пецаков: 77 години слободен Охрид, години врежани во историјата на Македонија
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до охриѓани по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на градот Охрид.
Изгласана новата македонска влада
На вториот ден од собраниска седница, вчеравечер, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија со 62 гласа „за“ и „51“ глас против, од вкупно 115 присутни пратеници, ја избраа новата македонска влада. Во новата влада на чие чело по втор пат застанува претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев влегуваат 16 министри.
За неносење лична заштита на лице регистрирани се 321 прекршоци
Во текот на изминатото деноноќие (30/31.08.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 321 прекршоци.