2 нови случаи во Охрид 87 на ниво на држава од 987 тестирања
Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19.
За пет дена во Охрид се регистрирани нови 9 активни случаи со ковид 19
Од овие лица едно е на болничко лекување во Битола, останатите се на домашно лекување. Загрижува тоа што, од четирите заболени лица од вчера, само два позитивни случаи се поврзуваат со претходно заболени лица, а додека 2 се поединечни случаи за кои не може да се дететектира каде се заразиле. Во ЦЈЗ, во текот на вчерашниот и денешниот ден, земени се брисеви од 40 лица од Охрид и Струга.
Средното угостителско училиште од Охрид воведува стипендија за учениците кои ќе се запишат во прва година
Со стипендии за учениците кои ќе се запишат во прва година и промотивни спотови угостителското училиште од Охрид годинава привлекува ученици. Учениците од другите градови добиваат бесплатно сместување во комплетно реновираниот ученички дом во склоп на училиштето.
9 мина охридски станоиздавачи од мал обем викендов заработија казни
Пазарните инспектори викендов контролираа дали се почитува забраната за сместување на гости кај станоиздавачите од мал обем и протоколитe во уготситескиет објекти. Инспекторите утврдиле 9 прекршоци од направените контроли. Повеќето гости кои овој викенд го преплавија Охрид биле сместени во сопствени станови.
6 нови случаи на ковид позитивни лица во Охрид, 127 на ниво на држава
Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.
Градските јавни чешми се безбедни за пиење вода
Водата од Билјанини извори во моментов исправна, но граѓаните да внимаваат дали има поставено табла со забрана за пиење или не, бидејќи е со променлив квалитет. Испитувањата на површинската езерска вода в долж крајбржјето од Св.Наум до Радожда е од прва категорија, само кај Грашница анализите покажале дека водата е од втора категорија.
318 прекршоци pо однос на мерката за не носење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (07/08.06) на територијата на Република Северна Македонија на 511 лице им се издадени решенија за изолација, а 70 лица потпишале изјави за самоизолација.
