ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА УЧИЛИШТАТА СОГЛАСНО ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ
Согласно оперативните мерки кои ги презема Општина Охрид за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19, во текот на изминатите денови се изврши дезинфекција на основните училишта: „Григор Прличев“, „Братство Единство“, „Методи Патче“, „Живко Чинго“, „Кочо Рацин“ и „Христо Узунов“, како и на ОУТУ „Ванчо Питошески“ заедно со ученичкиот дом.
Охриѓанец нападнал вработен во стовариште на улицата „15 корпус“
На 16.02.2022 година во 14.30 часот во стовариште на деловен објект на улицата „15 корпус” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од В.А.(31) врз вработениот Т.Б.(42), двајцата од Охрид.
СЕ ВРШИ ЧИСТЕЊЕ НА СЕКУНДАРНАТА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА
Деновиве започна чистењето на секундарната канализациона мрежа на улицата „7ми Ноември“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ до кружниот тек кај „Охридска Банка“.
Георгиески: Во овој датум и во овој ден, содржани се сите наши борби, стремежи и идеали за самостојна македонска држава
По повод 23 октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, градоначалникот Константин Георгиески упати честитка до граѓаните на Охрид.
Околу 150 припадници на МВР и Армијата се ангажирани за обезбедување на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа
Техничкиот министер за внатрешани работи информира дека има нелегални обиди на граѓани да го напуштат кризното подрачје. Одделот за Специјални полициски операции спречил 14 такви обиди без лекарска согласност.
Угостителските објекти во Охрид почитуваат вонредни мерки
Во Охрид затворени 90 угостителски објекти. Градот функционира во согласност со мерките за превенција од Корона вирусот. Од Пазарната инспекција велат дека до овај момент се ппочитуваат мерките. Доколку има прекршувања веднаш ќе се пристапи кон санкционирање и казнување.
Директорот на охридскиот дом смирува нема место за паника
Паника завладеа кај студентите и нивните родители по најавите дека државниот студенски дом „Никола Карев“ ќе се пренамени во центар за изолација и карантин во случај на потреба доколку дојде до ширење на Ковид 19. Нема место за паника ни страв порачува директорот. Домот ќе се пренамени само доколку дојде до енормни појави на болеста. Денес, започна дезинфекција на собите во студенскиот и ученичкиот дом за кои беше одлучено да се пренаменат во центри за изолација во вонредна ситуација.
Студенскиот и училишниот дом ќе се пренаменат во центри за изолација
Охридскиот градоначалник Константин Георгиески свика кородинативно тело кое ќе презема оперативни мерки за борба со коронавирусот. Студенскиот дом и училишниот интернат на угостителското училиште ќе се пренаменат во центри за изолација на полесните случаи заболени од корона вирусот. Дополнително ќе се одлучи во која болница ќе се лекуваат потешки случаи. Општината одвои пари за купување храна и лекови за ранливата категорија сограѓани.