Skip to main content
Мај 29, 2020

Уривање на ѕидот во автокампот „Градиште“ само за фотографирање и снимање. По срушени само 5-6 метри отстранувањето на нелегалниот бетонски ѕид на самиот брег на езерото престана , обвинуваат Пештанци. Околу 150 семејства кои имаат имоти во Градиште во постапка за денационализација обвинуваат дека на оваа атрактивна локација се врши невидена узурпација која надлежните не ја стопираат.


Мај 29, 2020

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изрази загриженост поради растот на бројката на новозаболени од ковид-19. Најави дека ќе се дискутира на Комисијата за заразни болести следната недела за евентуално затворање на општини со карантински мерки каде што има голем број случаи.


Мај 29, 2020

 21  милион денари кратење на  непродуктивни трошоци. Опозицијата обвинува дека со ребалансот се крати во сферата на туризмот.  Градоначалникот ги отфрла обвинувањата и напоменува дека со ребалансот нема откажување од капиталните инвестиции.


Мај 29, 2020

Советот за безбедност утре напладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Утре истекува рокот од последната 14 дневна вонредна состојба што претседателот Стево Пендаровски ја прогласи на 15-ти мај.


Мај 29, 2020

Поради дефект на главна линија, денес, има прекин со водоснабдувањето, на потегот од хотел Метропол до Пештани.


Мај 28, 2020

На терасите на охридските кафетерии денес се служеше кафе. Персоналот со заштитни маски и ракавици, гостите едни од други на растојание, по двајца на маса. Ова е сликата на која ќе треба да се навикнеме да ја гледаме одреден период. Дали угостиелите ќе бидат ќар или зијан од оваа сезона зависи од тоа како ќе се справуваме со ширењето на вирусот од што зависи  понатамошно олабавување на мерките.


Мај 28, 2020

Со кратење на буџетот средствата за развој на овие подрачја се пренасочени во антикризните мерки за поддршка на граѓаните и стопанството. Програмите за прекугранична соработка од ЕУ течат непречено.


Окт 29, 2021

Охрид би можел да остане без болничко лекување за најмладите, предупредуваат лекарите. Дефицитот на педијатри кој е проблем во целата држава може да доведе детското одделение во Општа болница Охрид да работи како амбуланта. Во моментов само една докторка е на специјализација, но двајца педијатри од одделението по Нова година заминуваат во пензија. Менаџментот на болницата бара можни решенија преку ротации од други болници да се ублажи проблемот.