Македонските жени извршуваат 70% од неплатената работа во домот и грижа за семејството
Жените во Македонија извршуваат над 70% од неплатената работа за грижа за семејството и децата. Доколку им се плаќа на жените за сето она што го работат бесплатно тоа би изнесувало околу 2 милијарди евра годишно. Ова се посочува во новата студија на Реактор Истражување во акција, насловена Мажите и грижата: Грижлив маскулинитет во Македонија, која претставува сеопфатен извештај кој меѓу другото ги разгледува и родовите јазови во платената и неплатената работа и се осврнува на мажите и грижата, како и политиките за родителско и татковско отсуство.
Антикорупциска: Владеењето на законот мора да се почитува без исклучок, да се постапи согласно незаконското располагање на крајбрежјето на Охридското езеро
Државната комисија за спречување на корупцијата ги повикува Владата во соработка со надлежните институции, Министерството за транспорт и врски, Државниот градежен инспекторат, Министерството за животна средина и просторно планирање и Управата за заштита на културно наследство, да постапат согласно регулативата и истата да ја применат преку конретни мерки и активности.
Засадени нови дрвја на патеката до Парк
Екипите на „Паркови и зеленило„ засадија нови садници на потегот од последниот етапен дел кој се реконструира на патеката од каналот Студенчишта до поранешниот хотел „Парк„ кај месноста Горица.
Пандемијата со Ковид 19 ја пролонгира изградбата на покриената југоисточна трибини на СРЦ
Поставени се стопите и се чека издигнување на трибините, но епидемијата го попречи доаѓањето на надзорот од главниот град, за увид врз градежните работи. Од СРЦ работат на уредување на спортските терени и се чекаат препораките на министерството за отпочнување со работа на сите спортски клубови.
МТСП: Над 320.000 пензии ќе бидат исплатени предвреме и етапно
Исплатата на мајските пензии почнува од среда, 27 мај. Со предвремена и етапна исплата на пензиите, што ја реализираме втор месец, овозможуваме поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
ОУ „Братство Единство“ одбележува 7 децении од постоењето
Ковид 19 го попречи свеченото одбележување на јубилејот на едно од најстарите општински училишта во кое се образовале бројни генерации. Во училиштето 930 ученици следат настава на три наставни јазици Македонски, Албански и Турски.
Во Охрид се регистрирани 8 активни случаи на Ковид19 и над 90 лица во изолација
Едно лице е на болничко лекување, а останатите заболени се со полесна клиничкa слика на домашно лекување. Изолиран е еден кластер со три лица заболени од Ковид 19 поврзани со случајот во фабриката ОДВ.
ВО СРЕДА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОХРИД
Општина Охрид, Црвен Крст – Охрид и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје на 27.05 2020 година (среда), организираат крводарителска акција во спортската сала при ОУ „Григор Прличев“ во Охрид.