Надлежни државни и локални институции ќе делуваат координирано викендов во Охрид
За време на престојниот продолжен викенд сите надлежни институции на централно и на локално ниво ќе делуваат координирано и ќе ги вложат сите напори за почитување на законските прописи и протоколите за заштита од Корона висусот „Ковид 19“. се соочуваме со еден од најголемите и најспецифични предизвици, а тоа е заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“ за време на туристичка сезона. На една страна е приоритетот за заштитата на здравјето на граѓаните, а од друга страна се економските аспекти и бенефитот за туристичкиот сектор, кој претрпе најголеми загуби поради актуелната здравствена криза.
Изведена вежба за евакуација при елементарна непогода во СОУ „Св. Кирил и Методиј“
Вежбата покажа колку се подготвени и координирани школото и институции за безбедна евакуација при елементарни непогоди. Вакви тестирања на планот за евакуција се предвидени во сите охридски училишта.
Студенчишкото блато ќе биде прогласено за Парк на природата
Советниците донесоа одлука да се предложи прогласување на блатото за заштитено подрачје. На денешната седница беше направен и ребаланс на Буџетот на општина Охрид со алоцирање на средства од неколку програми во ставката за асфалтирање на улици во градот со што не се согласија советниците од опозицијата.
ПРЕПОРАКИ ОД КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА ОХРИД
Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој покрај постојаните членови, присуствуваa и претставници на Подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат, Подрачната единица на Управата за јавни приходи и Подрачната единица на Државниот инспекторат за труд.
Брзата помош се почесто интервенира на повици од малолетници во алкохолизирана состојба
Лекарите апелираат родителите да водат поголема контрола врз своите малолетни деца. Повикуваат возачите да почитуваат каде паркираат на влезот и излезот пред нивната установа,а на улица да дадат предност на нивните возила кои секојдневно брзаат да спасат нечиј загрозен живот во ризична ситуација.
Интересот за рекреативно играње баскет во градов е многу голем
Јавното претпријатие СРЦ Билјанини извори ќе ги прошири спортските терени за две спортски дисциплини. Непосредно до затворениот пливачки базен кој е во изградба ќе се уредува кошаркарски терен, а во касарна ќе се уредува фудбалско игралиште.
Најавен протест на туристичките работници
Вработените од овој сектор под мотото „И јас сум туристички работник“ имаат низа економски барања до владата. Меѓу барањата за помош се предлагаат продолжување со дел од економските мерки, но да се воведат и други субвенции и поволности за опстанок на овој сектор кој е најпогоден од Ковид кризата.
Во болничкиот комплекс ќе се поставува модуларна монтажна болница
Охридската општа болница се подготвува за есенскиот бран на корона вирусот. Во кругот на болничкиот комплекс наскоро ќе се поставува модуларна монтажна болница за лекување на пациенти од Ковид 19. Во подготовките на теренот ќе треба да се вклучи и Локалната самоуправа.