Посетители реагираат на висока цена за влез во НП Галичица
Кажуваат дека отсуствува чуварска служба на наплатните влезови. ТВМ се обрати до НП со прашања како функционира наплатата и дали има промена на ценовникот на влезниците. Од таму информираат дека цените не се променети, а посетителите може да ги дознаат цените преку апликации и социјалните мрежи.
ЗАВРШНА ФАЗА OД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ПРВА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА“
Деновиве се изведуваат завршните градежни активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“ во должина од 750 метри.
Учениците на Бреинобреин од Охрид добија меѓународни сертификати за успешно завршена програма
Упорност, искрена посветеност и работа, поддршка од родителите и професионални, креативни тренери беше патот до успехот и целта – завршување на комплетната Бреинобреин едукативна програма во Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид на единаесеттата генерација на ученици. Тие на пригодна свеченост, во просториите на Црвен крст Охрид ги добија меѓународните сертификати за успешно завршена БОБ програма.
ПСС спасуваше лице врз кое паднало дрво при сеча
Повторно интервенција на ПСС за неполн месец.
На Галичица се уредува Виа Ферата
Над местото Корита и ќе биде најдолгата туристичка виа ферата во земјава. На пролет алпинистите и љубителите на природата ќе добијат нова авантуристичка понуда.
СВР Охрид и ДПИ: Угостителските објекти не можат да организираат музички настани на отворен и затворен простор
Началникот на пазарната инспекција, Цветко Ристески, и претставниците на СВР Охрид им укажале на охридските угостители не можат да организираат музички настани на отворен и затворен простор и дека е задолжително менаџирање со редарски служби на влегувањето на гостите. На денешната работна средба биле разгледани протоколите и толкувани одредени ситуации со кои угостителите се среќавале во досегашното спроведување.
163 нови случаи на Ковид-19, еден во Охрид
Во последните 24 часа регистрирани се 163 нови случаи на ковид19 од направени 1636 тестирања.
Пристигна првата група Полски туристи во студенскиот дом Никола Карев
Полските туристи втора година по ред доаѓаат во Охрид и се одушевени од неговите природни убавини. Задовоството е присутно и кај домаќините и кај гостите и потенцираат дека се запазени сите безбедносни протоколи.