Малолетни лица затекнати после полноќ на забава во објект на улицата „Стив Наумов“
На 03-01-2022 година во 00,20 часот, полициски службеници од СВР Охрид извршија контрола во хала на поранешен деловен објект, лоцирана на улицата „Стив Наумов” во Охрид каде беше организирана новогодишна забава.
Нов скок на бројот на заразени со COVID-19, денес 36 нови случаи
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти.
Се почесто работоспособни млади луѓе бараат помош од Црвен крст Охрид
Од хуманитарната организација ги советуваат да се потрудат да се вклучат во некој работен ангажман. Работоспособните граѓани нека се пријават во Црвен крст за да ги упатиме до фирмите кои бараат работна сила, апелира претседателот на општинската организација на Црвен крст.
Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина и 75год ОО Црвен крст Охрид
Денот на Црвениот крст и Црвената полумесечина, 8ми мај, оваа година Црвен крст Охрид го одбележува во услови на вонредна состојба, фокусирани и посветени во справување со последиците од ширење на вирусот КОВИД 19. Посебен акцент во одбележувањето на Денот на Црвениот крст и Црвената полумесечина оваа 2020 година дава одбележувањето на јубилејот 75 години постоење и хуманитарно делувањето на Црвен крст Охрид.
Влатко Милошевски, Македонец кој живее во Холандија создаде веб страница каде претстави 250 странски сликари кои твореле инспирарани од Македонија
Лексиконот содржи слики и фотографии со непроценлива вредност од периодот од 1850-тата до 1950-тата година. Колекционерот на уметнички дела работел на собирање на материјалот 15 години.
Пецаков: Дали Георгиески победи на наместени избори во Охрид?
Вмро Дпмне на прес конференција упати обвинувања на адреса на СДСМ и охридскиот градоначалник за местење на парлaмeнтарните и локалните избори во Охрид.
Забрането паркирање кај новиот плоштад кај Табана
Ј.П.„Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на општина Охрид дека во периодот 09.05.2020 год.(сабота)-11.05.2020 год. (понеделник) е забрането паркирање на автомобилите на просторот од новиот плоштад кај Табана-ул.„Коста Абраш“.
Охридските угостители се подготвуваат да започнат со работа
Во очекување на официјални протоколи за работа во наредниот период охридските угостители наголемо се подготвуваат за отворање на кафетериите и рестораните. Објектите ќе работат со скратено работно време и со скоро преполовен капацитет што значи работењето ќе биде далеку од рентабилно. Но угостителите велат дека тоа ќе биде сепак подобро од ништо и на задоволство на граѓаните.