Жителите од месноста Надвис во Велгошти кои два месеци беа оставени без вода за пиење бараат трајно решение на проблемот
Овој проблем се повторува со години наназад но, ова лето им било најтешко. Во време на пандемија биле принудени да штедат вода која ја собирале во доцните ноќни часови. Од ЈП Водовод информираат дека во моментов жителите имаат вода за пиење во посочениот дел. Бараат решение за санкционирање на постојаните злоупотреби од несовесните жители кои ги оставаат соседите без вода за пиење.
Општина Охрид меѓу првите три општини со најголем број вработувања
Според најновото исражување направено од страна на Центарот за граѓански комуникации, Општина Охрид меѓу првите три општини со најголем број вработувања.
Поставени се повеќе прелази на автопатот Кичево-Охрид кој е во изградба
Прелази има и во близина на Чекоштина и тие се повеќе наменски по потребите од ЈП Водовод и Нискоградба. Во иднина ќе се избегнуваат прекопи преку или под коловозот.
Подобрување на условите во центарот за Европски елен во НП Галичица
Во текот на изминатиот период активно се работеше на конструкција на склад и централна хранилка за потребите на функционирањето на Репродуктивниот центар за Европски елен во Национален Парк Галичица.
Малолетници дивеат во ноќните часови по улици и паркови
Возат бучно моторцикли, конзумираат аклохол и наркотични средства. Полициските службеници немаат изречено прекршочни пријави против родители. Додека 15 прекршочни пријави се поднесени за угостителски објекти во кои биле затекнати малолетници после полноќ.
Заменик Народниот Правобранител утре на средба со граѓаните на Охрид
Во склоп на редовните посети со граѓаните на Народниот Правобранител, Заменик Народниот Правобранител Илбер Руфати -НП Подрачна Канцеларија Кичево на ден 24.09.2020 (четврток) ќе биде во посета на Охрид.
СЕ ОТВОРААТ СТУДЕНТСКИТЕ И СРЕДНОШКОЛСКИТЕ ДОМОВИ, ЌЕ РАБОТАТ ПОД ПОСЕБНИ ПРОТОКОЛИ И РЕДУЦИРАН БРОЈ НА СТАНАРИ ВО СОБИТЕ
На вчерашната 5-та Владина седница прифатена е препораката на Комисијата за заразни болести за отворањето на студентските и средношколските ученички домови.
Се разгледува мерката за задолжително носeње заштитна маска на отворено
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, одржа прес-конференција на која информираше за состојбата со коронавирусот во нашата земја, но и во Европа, најава за следните чекори на Министерството за здравство и Владата, како и за есенскиот период кој е пред нас.