Skip to main content
Сеп 25, 2010

Охридската новинарска фела во дружба со Евроамбасадорот Ерван Фуере. Вчера на атрактивното излетничко место Скребатно во атарот на црквата Св Богородица новинарите од Охрид и амбасадотор Фуере на пикник.


Сеп 25, 2010

Катни гаражи сепак ќе се градат во Охрид. Локалната самоуправа уште пред две години во урбанистичките планови, зацрта изградба на катни гаражи. Плановите  закочија околу сопственоста на земјиштето каде треба да се градат истите, вели градоначалникот Александар Петрески.


Мај 24, 2017

Општинскиот пазарен инспекторат ги чешлаше вилите во градов. Кај голем дел од нив се затекнати неправилности во работењето и прикривање на фактичката состојба со број на соби. Зa прекршителите следувале глоби.


Сеп 25, 2010

Општината сеуште  не знае колку пари  се инаксирани по основ на поставена урбана опрема од охридските угостители.


Сеп 25, 2010

Ансамблот јуниор „Билјана“ во нов состав настапи синоќа на Охридскиот староградски фестивал. Настапот на младите музичари се гордост на доенот на охридската староградска музика, оснивачот на некогашниот легендарен ансамбл за строградски песни „Билјана“, Кузман Поп Стефанија.


Сеп 24, 2010

Турските серии по се изгледа поприоритетни од образованието на децата. Децата во турските паралелки од ОУ „Братство Единство“ сеуште немаат учебници на мајчин јазик, што согласно законот им е неприкосновено право.


Мај 24, 2017

Општина Охрид ги награди најдобрите ученици. Денес кога се слави големиот празник на сесловенските просветители Кирил и Методиј, се одбележува знаењето и успесите на нашите ученици, постигнати на натпреварите. Поддршката на талентираните ученици треба да зазема високо место во агендата на локалната самоуправа за да се овозможи адекватен прогрес и развој на заедницата, истакна градоначалникот Никола Бакрачески.


Сеп 24, 2010

Статистичките податоци од општинскиот комунален инспекторат и официјално го потврдија годинешното потфрлување на туристичката сезона Лето 2010. Оствaрените 290.000 ноќевања во оваа сезона покажуваат намалувања на реализираните ноќевања на постеителите и во хотелите и во приватното сместување.