МТЦ: Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети
Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети, на сила се уште важи Одлуката за затворање на аеродромите, велат од Министерството за транспорт и врски.
Пронајдена марихуана кај 31-годишен охриѓанец
На 26.10.2021 на улицата „Аргир Маринчев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охртид го приведоа и лишија од слобода Ѓ.С.(31) од Охрид затоа што кај него, пронајдена и одземена е марихуана.
Од охридската ТППЕ апелираат до граѓаните да внимаваат при палење на нивите и стрништата
Посебно граѓаните да се внимателни на излетиштата доколку нема карантин за време на првомајските празници. Викендов беше изгаснат пожар на отворено во Дебело поле во близина на Радојца Новичиќ. Поради невнимание при палење стрништа изгоре сува вегетација на површина од 20 хектари, а во опасност биле доведени и околните куќи.
Кардиолошки завод подготвен за третман и на пациенти со Ковид 19
Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид реорганизирана и подготвена за третман на нискоризични и вискоризични пациенти. Досега во болницата се лекуваше еден пациент позитивен на корона, со срцева слабост. Тој сега е на инфективното одделение во Битола.
Пензионерите Иванка и Бруно Гигер полесно ги минуваат деновите во карантин со своето хоби
Гигерови изработуваат најразлични украсни предмети од школки, а ја декорираат со школки и фасадата од нивната куќа. Тие се доказ дека имањето хоби го исполнува човекот и прави побрзо да минува времето.
ПРОДОЛЖУВА РЕДОВНАТА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ
Во согласност со општинскиот оперативен план за превенција од корона вирусот Ковид-19, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ вршат редовна дезинфекција на јавните површини во Општина Охрид.
Започнува реконструкцијата на улицата „Абас Емин“
Градоначалникот Константин Георгески при објавувањето на оваа вест побара воедно и разбирање од граѓаните за изменитње на сообраќајниот режим при реализациојата на , како што рече, овој сложен капитален инфраструктурен проект. Доколку се тече според планираното, комплетната реконструкција на улицата ќе треба да заврши за околу една година. Вредноста на вкупната инвестиција е околу 40 милиони денари.
Болниците и здравствените домови од регионов добија 3 тони медицински алкохол
Донацијата е на иницијатива на општина Охрид ,а донатори се повеќе општествено одговорни компании, претпријатија и невладини организации. Меѓу медицинските установи се охридската општа болница, костозглобна, кардиолошкиот центар и здравствен дом.