Свечено врачена повелбата за најдобра поема на лауреатот Стево Симски
Поемата „Таинството на богомилите“ на фонот на македонската уметност од средновековниот период, возобликува два мошне важни уметнички сегменти а тоа се словото и иконата, ќе каже за делото на Симски претседателот на стручното жири кое едногласно ја одбра победничката поема на конкурсот Григор Прличев.
Божиновски: СДСМ и градоначалникот Георгиески не успеаја да се справат со препораките од УНЕСКО
Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не успеаја да се справат со препораките од УНЕСКО за Охрид и уривањето на дивоградбите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните очекуваат да бидат информирани од Георгиески што им одговори на претставниците од УНЕСКО кажа на прес конференција портпаролот Перчо Божиновски.
Започна со работа затворениот зелен пазар во Охрид
Пазарџиите задоволни од условите и среќни што го избегнаа студот и снегот кој падна утрово.
Екипите на Комуналец подготвени за справување со снегот
Во Охрид и околината наврнаа околу 9 цм снег. Влажниот снег кој почна да врне во утринските часови предизвика пад на неколку дрва и гранки од дрвја во неклку делови од градот. Од ЈП Охридски Комуналец се подготвени за расчистување на новиот бран снежни врнежи кои се очекуваат според најавите на хидрометереолозите.
ОУ „Григор Прличев“ со богата програма го одбележува својот патронат
Учениците одржаа модна ревија со облека карактеритична за секоја историска епоха, покажаа што знаат преку бројни експерименти по приордните науки и по речиси сите останати предмети. На најуспешните кои учествуваа на конкурсите за најдобри ликовни и литературни творби им беа доделени и награди.
Комуналец на терен од раните утрински часови
Првите снежни врнежи Ј.П.„Охридски Комуналец“ги дочека спремно. Следејќи ја временската прогноза и најавениот снег во текот на вчерашниот ден се одржа работен состанок на оперативните служби и екипирани се дежурните служби кои излегоа на терен од раните утрински часови.
Се расчистуваат речните корита на територијата на општина Охрид
Ј.П.„Охридски Комуналец“ деновиве спроведe акција за чистење на речните корита и сливните подрачја на територијата на општина Охрид согласно годишната програма на Секторот за комунални дејности при општина Охрид.
Жител на Елшани нападнал мајка и син
На 19.10.2021 година околу 18 часот, во охридското село Елшани, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од П.С. (25) врз В.Ј.(37) и нејзиниот малолетен син, сите од истото село.