Повторно откорнати бекатон плочките на градскиот кеј
Повторно откорнати бекатон плочките на градскиот кеј. Граѓаните реагираат и од безбедоносни, но и од естетски причини. Од Локалната велат дека дупките на кејот останаа да зјаат подолго време поради ангажираност на работниците на други локации.
Нова можност за користење на средства од старт ап 2 од фондот за иновации и технолошки развој
Повикот за користење на средства е во тек , а се однесува за кофинансирање на бизнис мали и сердни компании од различни области. Заинтересираните за старт ап 2 може да добијат информации на утрешната инфо сесија која ќе се одржи на Факултетот за информатички технологии Св. Апостол Павле.
Се зголемува бројот на кандидати кои се пријавуваат за полагање за возачи на автобуси, камиони и шлепери
На домашниот пазар на труд се барани возачи од овие категории, но тие најчесто заминуваат во странство. Во пораст е и бројот на кандидати кои се пријавуваат за управување на автомобили или Б категорија.
Ќе се минира на патниот правец Кичево-Охрид
На патниот правец Кичево-Охрид, денеска во периодот од 12:00 до 15:00 часот ќе има прекин на сообраќајот во време траење од 15-20 минути.
Музикотерапија за децата со посебни потреби
Здружението на родители „Тајните на моето срце“ за децатата со посебни потреби организира часови по музикотерапија. Оваа терапија се применува кај децата со посебни потреби, но и кај возрасните лица со потешкотии во самоизразувањето. Во светот се применува подолго време, додека кај нас со оваа примена за подобрување на комуникцијата се прават првите чекори.
Среда официјално започнува со работа затворениот зелен пазар
Среда официјално започнува со работа затворениот зелен пазар. Од утре започнува преселбата на пазарџиите. Во затворениот пазар има 120 тезги и огласот за закуп е веќе распишан.
Ќе се дислоцира спомен бистата на Григор Прличев на посоодветно местo
Со тоа ќе се исправи неколку годишната неправда споменикот на македонскиот преродбеник да биде покрај подземните контејнери за отпад. За новиот постамент се изготвува ново идејно решение.
Засилени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид
При сообраќајни контроли извршени на 19.10.2021 година во времето од 08 до 12 часот, полициските службеници на подрачјето на Охрид и Струга, извршија контрола на 87 моторни возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-47, Струга-40) од кои, 25 се упатени во станица за технички преглед (Охрид-12, Струга-13).